Јантра
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јантра (бугарски: Янтра) — река во северна Бугарија и десна притока на Дунав. Долга е 285 км и има сливна површина од 7.862 км2. Го зазема третото место по должина меѓу притоките на Дунав во Бугарија.
Реката извира во северното подножје на врвот Хаџи Димитар во средишниот дел на Стара Планина, на надморска височина од 1.340 м. Во горното течение често се нарекува со постарото име Етар (Етър). Се влева во дунав недалеку од Свиштов.
Од особено значење се многуте клисури кои реката ги образува во предбалканското подрачје, од кои најголемата е сместена близу Велико Трново и има должина од 7 км, или двапати повеќе ако се сметаат многуте свијоци.
Поважни градови по течението на Јантра се Габрово, Велико Трново, Горна Орјаховица, Полски Трмбеш и Бјала. Недалеку од Бјала, преку реката се протега познатиот Беленски мост.
Remove ads
Наречено во чест на реката
Заливот Јантра на островот Ливингстон во состав на Јужните Шетландски Острови на Антарктикот е наречен по оваа река.
Надворешни врски
Јантра на Ризницата ?
- Реката Јантра и нејзините притоки[мртва врска] (бугарски)
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads