Стара Планина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Стара Планина или Балкан (бугарски и српски: Стара планина; старогрчки Αίμος, Хемос; латински Haemus, Хемус) — планински венец во источниот дел на Балканскиот Полуостров, кој своето име го добил според неa. Таа се протега на запад од Источна Србија до Црното Море во Бугарија. Стара Планина се наоѓа по целата должина на територијата на Бугарија и ја дели, условно, на северна и јужна Бугарија. Највисок врв на Стара Планина е Ботев (2.376 м). Турското име „Балкан“ е извор на името за целиот Балкански Полуостров.
На нејзината територија има многу природни паркови, заштитени места и еден национален парк. Таа е еден од најголемите центри на ендемски и реликтни видови.[1] Поради добро изградената материјална база, чистиот воздух и планински карактер, Стара Планина често е омилена цел за туризам. На неа има 81 планинарски дом.
Remove ads
Географија, флора и фауна
Геолошки, Стара Планина е млада планина и е дел од Алпско-хималаискиот ланец кој се протега низ поголемиот дел на Европа и Азија. Таа може да се подели на два дела: на Главен старопланински венец и Предбалкан, кој постепено влегува во Дунавската Рамнина. На југ Стара Планина граничи со Подбалканските котлини - 11 котлини кои се протегаат од границата со Србија на запад па до Црното Море на исток.
Старопланинскиот ланец се состои од околу 30 делови. Во поширока географска смисла планината се дели на три основни делови:
- Западна Стара Планина - од Вршка Чука на границата со Србија до Арабаконашкиот премин со вкупна должина од 190 км и со највисок врв Миџор (2.169 м).
- Централна Стара Планина од Арабаконашкиот премин до преминот Вратник со должина од 207 км. Врвот Ботев (2.376 м) е највисокиот во планинскиот ланец и се наоѓа во тој дел.
- Источна Стара Планина од преминот Вратник до ’ртот Емине со должина од 160 km и со највисок врв Бугарка (1.181 м). Источна Стара Планина претставува најнискиот дел од Старопланинскиот ланец.
Remove ads
Врвови
Изразитији врхови Старе планине су:

- Миџор (2169 м н. в.),[2]
- Дупљак (2032 м н. в.),
- Три чуки (1937 м н. в.),
- Сребрена глава (1933 м н. в.).
- Врх Баба (1787 м н. в.),
- Бабин заб (1758 м н. в.),
- Орлов камен (1737 м н. н. в.),
- Тапанар (1727 м н. в.)
- Свети Никола (врв) (1380 м н. в.),
- Ветрен (1330 м н. в.),
- Тресок (1000 м н. в.),
- Црноглав (764 м н. в.).
Често на Стара планина и се припојува и Видлич (1413 м н. в.) планински венец кој припаѓа на горно Понишавје, меѓутоа тоа не е потполно точно. Видлич претставува просторна антиклинала, која е навлака преку старопланинската зона, па затоа, и морфолошки и тектонски, претставува една засебна целина.
Највисока точка на Стара планина во Србија е врвот Миџор со висина од 2169 м н. в, а најниска точка е на излазот од долината на Прлитскиот поток (132 м н. в.).
Врвови во Бугарија
Во Бугарија највисок е врвот Ботев (2376 м н. в.).
Врвот Миџор (2169 м н. в.) се наоѓа на самата граница меѓу Србија и Бугарија, и на него е граничен камен.
- Ботев, највисокиот врв на Стара планина (2.376 m)
Remove ads
Туризам
Галерија
- Старопланински шуми
- Панорама од врвот Ком
- Планинарскиот дом „Ком“
- Споменик на Христо Ботев на врвот Околчица до градот Враца
- Долината на реката Искар
- Стара планина кај градот Правец
- Резерватот Козја Стена
- Параклис до планинарскиот дом „Ехо“
- Централна Стара Планина со врвот Ботев во позадина
- Јужниот џендем со водопадот Раjското Прскало
- Водопадот Раjското Прскало
- На врвот Ботев
- Споменикот-костурница на Шипка
- Тоталитарниот комплекс на врвот Бузлуџа
- Емине - источниот крај на Стара Планина
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads