Ы
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ы или јери (кирилица:
; глаголица:
) — буква од кирилицата. Ја претставува фонемата /i/ по непалатализирани (тврди) согласки во белоруската, русинската и руската азбука. Заради фонолошкиот процес, фактичката реализација на /i/ по тврди согласки се вовлекува кон затворена централна незаоблена согласка (МФА: [ɨ]).
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Како и многу кирилични букви, првобитно ова било лигатура помеѓу јер ъ и I (тогашно і, без точка или со две точки) или Иже (тогашно и, сегашно н). Во старите ракописи, оваа буква секогаш ја среќаваме како ъі или ън. Денешната форма еволуирала по губењето вредноста на ъ и ь како самогласки од старословенскиот јазик.

Оваа буква обично се романизира како y, додека во македонскиот се транскрибира како „и“.
Постојат неколку лични и општи именки (меѓу кои и некои географски поими во Русија) кои започнуваат со оваа буква: Итик-Кјујол (Ытык-Кюёль), Игиата (Ыгыатта), село и река Јакутија, и Илчи Мундок (Ыльчи Мундок), корејски војсководец.
Буквата ы повеќе не постои во украинската азбука, но постои сличен звук, кого го претставува буквата И.
| Оваа статија за писмо е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
