Старословенска азбука

From Wikipedia, the free encyclopedia

Старословенска азбука
Remove ads

Старословенска азбука, црковнословенско писмо или поретко климентовица () или стара кирилицаписмо создадено за време на IX век за пишување на старословенскиот јазик. Азбуката била заснована на грчкото писмо и со тоа се заменила првата словенска азбука — глаголицата.

Кратки факти Старословенска азбука, Тип ...
Thumb
Старословенската азбука на фреска на Св. Кирил и Методиј насликана на надворешниот ѕид на манастирот „Св. Јован Бигорски“.

Старословенската азбука била создадена во крајот на IX век. Една од теориите е дека таа била создадена за време на постоењето на Првото Бугарско Царство,[2][3][4] најверојатно во 893-тата година на Црковно-народен собор, на кој биле присутни и дел од учениците на браќата Кирил и Методиј.[5][6][7] Оваа азбука подоцна во историјата започнала да се нарекува како „кирилица“, во чест на Св. Кирил, мисионер кој заедно со својот брат, Методиј ја измислиле глаголицата - првата словенска азбука. Кирилицата во добар дел е заснована на грчкото писмо, но можат да се забележат и некои латински или хебрејски влијанија. Како официјално писмо, новата азбука прво ја прифатило Бугарското Царство, кога речиси истовремено монахот Црноризец Храбар го напишал трактатот За буквите, во кој детално се разработува оправданоста за постоење на посебно словенско писмо и во кој се брани словенската писменост. Ова се случило за време на владеењето на Симеон Велики, кој бил под силно византиско културно влијание. Самиот тој завршил Магнаурската школа во Цариград и бил дури нарекуван полугрк.

Македонската наука смета дека донесените одлуки на Преславскиот собор во 893 година и замената на глаголицата со писмо поблиску до грчкото, биле причината несогласните Климент и Наум да се повлечат од Преслав во тогашната покраина Кутмичевица, во денешна Република Македонија. Тука тие почнале да градат нов духовен и книжевен центар преку Охридската книжевна школа, а Климент ја обновил Брегалничката епископија. Како епископ тука тој го поставил својот кирилометодиев соученик Константин Презвитер — повлекувајќи го исто од Преслав.[8] Во Бугарија се смета дека овие настани се случили со согласието на релевантните црковни и државни органи.

За време на следните векови, кирилицата се адаптирала на промените во говорниот јазик, развила регионални варијации за задоволување на локалните потреби и била предмет на академски реформи и политички декрети. Варијации на кирилицата се употребуваат како писма кај јазиците ширум источна Европа и Азија.

Remove ads

Азбуката

Повеќе информации Буква, Уникод ...
Remove ads

Броеви, дијакритики и интерпункција

Секоја буква имала и нумеричка вредност. Врз низа зборови се ставало т.н. титло кое укажувало на фактот дека тие букви треба да се сметаат за броеви.Видете кирилични броеви, Титло.

Неколку дијакритики, преземени од политонската грчка ортографија, исто така се употребувале (овие може да не се прикажуваат правилно кај секој интернет пребарувач; тие треба да бидат директно над буквцата, а не горе надесно)

Интерпункциски знаци:

  • ·  ано телеја (U+0387), средна точка за одвојување на зборови
  • ,  запирка (U+002C)
  • .  точка (U+002E)
  • ։  ерменска точка (U+0589), слична на две точки
  •   грузиски делник на параграфи (U+10FB)
  •   триаголни две точки (U+2056, added in Unicode 4.1)
  •   баклавични две точки (U+2058, added in Unicode 4.1)
  •   пет точки (U+2059, added in Unicode 4.1)
  • ;  грчки прашалник (U+037E), сличен на точка-запирка
  • !  извичник (U+0021)
Remove ads

Наводи

Поврзано

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads