Јетон Шаќири

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јетон Шаќири
Remove ads

Јетон Шаќири (р. 17 март 1987 во Струга) — македонски економист и политичар од редовите на ДУИ и министер за образование и наука во владата од 2022 г. и министер за јавна администрација во втората влада од 2020 г.

Кратки факти Јетон Шаќири, Министер за образование и наука на Република Македонија ...
Remove ads

Животопис

Јетон Шаќири е роден на 17 март 1987 г. во Струга, каде завршува основно и средно гимназиско образование. Во 2005 г. се запишува на Економскиот факултет при Државниот универзитет во Тетово, каде дипломира во 2008 година, по што се запишува на постдипломски студии на Економскиот факултет при Меѓународниот универзитет во Струга, каде во 2010 г. со одбраната на магистерскиот труд се стекнал со научен степен магистер по економски науки. Истата година, тој се запишува на докторски студии на Економскиот факултет при Тиранскиот универзитет во Албанија, а на 16 септември 2016 г. ја одбранил својата докторската дисертација под насловот “Банкарскиот надзор и предизвиците од спроведување на Базел II и Базел III во Република Македонија“.[1]

Почнувајќи од 2008 година, тој станал асистент и подоцна наставник во областа на економските науки во Струшкиот меѓународен универзитет. Од септември 2009 г. – јуни 2018 г. бил раководител на додипломски и последипломски студии на истиот универзитет. Од јуни 2018 до декември 2019 г. бил директор на МЈП „Проаква” во Струга, а од јануари до август 2020 г. е директор на ЈП „Водовод и канализација” – Струга.[1]

Од 30 август 2020 година ја извршувал функцијата министер за информатичко општество и администрација во втората влада на Зоран Заев. Од 16 јануари 2022 г. до 23 јуни 2024 г. ја извршува функцијата министер за образование и наука.[1]

Шаќири е автор на повеќе стручни трудови од областа на економијата и финансиите.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads