Дамјан Манчевски
политичар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дамјан Манчевски (27 јануари 1978 во Скопје) — македонски политичар од редовите на СДСМ и министер за информатичко општество и администрација во владата од 2017. Тој во 2005 година дипломирал на електротехничкиот факултет во Скопје, а пред тоа бил потпретседател на подмладокот на СДСМ во периодот 2001–2003.[1] Манчевски бил избран за член во советот на град Скопје по локалните избори во 2013, каде воедно бил и координатор на советничката група на СДСМ. Во јуни истата година бил назначен за потпретседател на партијата, а во 2015 за шеф на изборниот штаб на СДСМ за парламентарните избори во 2016. По изборите станал пратеник како кандидат од првата изборна единица, а потоа и министер во владата на Зоран Заев. Манчевски е оженет и татко на две деца.[2]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads