Јирмисекизаде Мехмед Саид-паша
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јирмисекизаде Мехмед Саид-паша (починал во октомври 1761 година), порано во својот живот познат како Мехмед Саид Ефенди (понекогаш наречен Сахид Мехемет-ефенди во Франција), ― османлиски државник и дипломат. Бил голем везир на Османлиското Царство од 25 октомври 1755 година до 1 април 1756 година.[1]



Remove ads
Животопис
Тој бил син на Јирмисекиз Мехмед Челеби, амбасадор на Османлиското Царство во Франција во 1720–21 година. Тој веќе го придружувал својот татко за време на оваа прва мисија како негов личен секретар. Се вели дека тој неверојатно уживал во француската култура и начин на живот, а на крајот течно зборувал француски.[2]
Мехмед Саид бил испратен за во амбасада во Париз во 1742 година, како и во друга историски позначајна во Шведска во 1733 година и во Полска, што довело до тоа да напише сефаретнаме (амбасадска книга) како неговиот татко.[3] Во Шведска, тој го наследил Мустафа-ага како амбасадор.[4]
Мехмед Саид бил од грузиско[1] потекло преку неговиот татко. Неговиот епитет Јирмисекизаде, што значи „син на дваесет и осум“ на турски, е упатување на епитетот на неговиот татко Јирмисекиз („дваесет и осум“), упатување за членството на Јирмисекиз Мехмед Челеби во 28-от јаничарски баталјон (орта), рано во неговиот живот.

Remove ads
Поврзано
- Француско-османлиски сојуз
- Список на турски дипломати
Наводи
Дополнителна книжевност
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads