Јоаникиј I Цариградски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Јоаникиј I (грчки: Ἰωαννίκιος Α΄, починал околу 1526 г.) накратко бил Вселенски патријарх во 1524–1525 година.[1] Понекогаш тој се смета за натрапник.

Кратки факти Црква, Назначен ...

Живот

Патријархот Еремија I, набрзо по неговото избирање, патувал во Кипар, Египет, Синај и Палестина. За времепрестојот во Ерусалим, свештенството и првенците на Цариград, здодеани од неговото долго отсуство,[2] го депозиционирале во април или мај 1524 и на негово место го избрале митрополитот на Созопол во Тракија, Јоаникиј I.

Еремија реагирал и заедно со патријасите на Александрија и Антиохија кои ги повикал во Ерусалим, го изопштил Јоаникиј.[2] И покрај тоа што поголемиот дел од Светиот синод бил на страната на Јоаникиј, султанот Сулејман Величествениот наредил Еремија да биде вратен на престолот, настан кој се одржал во Цариград на 24 септември 1525. Јоаникиј се вратил во Тракија, каде починал во манастирот „Свети Јован Крстител“,[3] во близина на Созопол околу 1526 година.[1]

Remove ads

Белешки

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads