Еремија I Цариградски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Еремија I (грчки: Ιερεμίας Α΄, починал во 1546 г.) двапати бил Вселенски патријарх, од 1522 до 1524 и од 1525 до 1546 година.[1]
Remove ads
Живот
Еремија се родил во Зица во Епир[2] и израснал без настава.[3] Тој станал архиепископ на Софија во или пред 1513 година.[4] На 31 декември 1522 тој станал цариградски патријарх.[5]
Набрзо по неговото избирање, тој патувал во Кипар, Египет, Синај и Палестина. За времепрестојот во Ерусалим, свештенството и првенците на Цариград го депозиционирале во април или мај 1524 и на негово место го избрале митрополитот на Созопол, патријархот Јоаникиј I. Еремија реагирал и заедно со патријасите на Александрија и Антиохија кои ги повикал во Ерусалим, го изопштил Јоаникиј.[6] Тој бил вратен во Цариград на 24 септември 1525 година.[1]
Во 1537 Еремија постигнал, кај султанот Сулејман Величествениот, да се запре претворањето на црквите во џамии во Цариград, но оваа одлука не била прифатена од Сулејмановите престолонаследници.[7] Еремија починал на 13 јануари 1546 во градот Враца, додека патувал кон Влашка.
Remove ads
Белешки
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads