Јокуш (Немањици)
археолошко наоѓалиште во Немањици, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јокуш — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Немањици. Претставува некропола од античкоримско време.
Remove ads
Местоположба и наоди
Се наоѓа на околу 1,5 км северозападно од селото, над патот што води кон селото Орел. Претставува тераса под месноста Грчки Рид која е широко отворена и со благ пад кон коритото на Орелска Река и акумулацијата Мавровица. Во нивата на Војчо Златев Бутковски и во соседните ниви со орањето биле откривани плочи од конструкции на гробови, а во 1968 година била најдена надгробна плоча од мермер со релјефна претстава на задушна гозба, која В. Санев ја откупил за Музејот во Штип. Во 1981 и подоцна, во 1985 и 1986 година, биле извршени заштитни ископувања при што биле откриени и истражени 34 гроба, од кои само во еден гроб покојникот бил инхумиран. Погребувањето било извршено во три вида дупки: овални, во кои остатоците од кладата биле положени во ладна состојба и потоа покриени со нафрлени аморфни речни камења; правоаголни јами, во кои остатоците биле положени во топла состојба и покриени со плочи од песочник и речен камен, околу кои честопати бил направен венец од аморфни камења; правоаголни - во кои се поставувал камен-меморија. Гробните прилози се разновидни и меѓу нив има сатчиња од стакло и керамика и накит. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Свети Николе.[1]
Remove ads
Галерија
- Теренот на наоѓалиштето
- Теренот на наоѓалиштето
- Теренот на наоѓалиштето
- Теренот на наоѓалиштето
Поврзано
- Алин Дол — населба од неолитското и римското време;
- Ветрен — некропола од железното време;
- Вреж — населба од неолитското време;
- Градиште — утврдена населба од железното време;
- Дабица — населба и некропола од римското време;
- Зелена Чукарка - Јокуш — населба и некропола од римското време;
- Мишевска Воденица — вила рустика од римското време;
- Старо Село — населба и некропола од средниот век;
- Црквиште — населба и некропола од римското време;
- Немањици;
- Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads