Јонска реакција

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Јонска реакција е онаа која се случува кога ќе се помешаат два раствора од електролити при што доаѓа до реакција меѓу јоните што постојат во растворите. Притоа, во водните раствори на електролитите постојат позитивно наелектризирани јони (катјони) и негативно наелектризирани јони (анјони).

Услови за јонска реакција

Во некои слушаи, мешањето на два раствора од електролити не предизвикува никаква реакција. За да се случи јонска реакција треба да бидат исполнети неколку услови:[1]

  • во реакциониот систем да се образува гасовит продукт
  • во реакциониот систем да се образува слабо растворлив продукт
  • во реакциониот систем да се образува соединение што содржи стабилни комплексни јони
  • во реакциониот систем да се образува слабо дисоциран продукт
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads