Раствор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Раствор е хомоген молекуларно-дисперзен систем, односно хомогена смеса во која големините на честичките се од редот на големината на градбените единки, најчесто од 0,1 до 10 nm. Во растворот разликуваме растворувач (обично се бележи со А) и растворена супстанција (обично се бележи со B). За растворувач се смета супстанцијата застапена во најголемо количество во растворот, под услов кога е чиста да биде во иста агрегатна состојба како и добиениот раствор.

Кога се чисти, растворувачот и растворената супстанција може да бидат во една од трите агрегатни состојби (цврста, течна и гасовита), а исто така и растворот. Значи, во однос на агрегатната состојба на растворувачот и растворената супстанција можни се девет различни видови на раствори.
Најчесто се среќаваат течните раствори, а од нив најголемо значење имаат водните раствори - оние во кои растворувач е водата. Водните раствори имаат значење како во хемиските лаборатории, така и во живите организми. Живите клетки се составени главно од вода.
Remove ads
Фактори на растворање
Постојат повеќе фактори кои влијаат на растворањето на една супстанција во растворувач:
- Структурни фактори - се засноваат на принципот слично се раствора во слично, иако не е секогаш така.
- Температура:
- кај цврсти супстанци во течен растворувач, со растење на температурата растворливоста може да расте, опаѓа или незначително да се менува. Ако заситен раствор на цврста супстанција чија растворливост расте со порастот на температурата го одвоиме од присутните кристали, а потоа го ладиме, од растворот ќе искристализира дел од растворената супстанција. Ова се случува бидејќи на новата, пониска температура растворливоста е помала, па вишокот од дотогаш растворената супстанција мора да се издвои. Меѓутоа, ако ладењето се изведува претпазливо, можно е температурата да се снижи, а до кристализација и воопшто да не дојде. Ваков раствор е презаситен.
- кај гасови во течен растворувач, со растење на температурата растворливоста опаѓа.
- Притисок - најчесто има влијание при растворањето на гасовитите супстанци. Притоа важи Хенриевиот закон, кој гласи: количеството гасовита супстанција во даден растворувач е правопропорционална со притисокот на гасот над течноста:
Remove ads
Квантитативен состав на раствор
Квантитативниот состав на растворите може да се изрази на повеќе различни начини: со односи, удели и концентрации.
Remove ads
Поделба според растворливоста на одредена Т
- Заситен раствор - содржи максимално можно количество растворлива супстанција во определено количество растворувач.
- Незаситен раствор - содржи помало количество растворлива супстанција отколку што може да се раствори на дадената температура во определено количество растворувач.
- Презаситен раствор - содржи поголемо количество растворлива супстанција отколку што може да се раствори на дадената температура во определено количество растворувач.
Поврзано
- Растворливост
- Молска концентрација
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
