Јосип Стритар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јосип Стритар (6 март 1836 – 25 ноември 1923 година) бил словенечки писател, поет, есеист, првиот естетски критичар, драматург, издавач и преведувач.
Remove ads
Животот
Стритар го поминал своето рано детство во неговото родно село Подсмрека во руралните области Долењска и бил испратен на училиште во Љубљана. Негови родители биле Андреј Стритар и Уршула Јакиќ. Во 1855 година заминал да студира во Виена и ги завршил студиите во 1874 година, по што станал асистент во Гимназијата Херналс, а по 1878 година професор во Јозефштат, каде што останал до пензионирањето во 1901 година. Стритар се вратил во Словенија во јануари 1923 година, откако регионалната влада во Љубљана му доделила куќа во Рогашка Слатина како признание за неговата работа. Таму живеел до својата смрт и бил погребан во Љубљана.
Remove ads
Работа
Еден од неговите значајни придонеси бил воведот во изданието од 1866 година на собраните песни на Францe Прешерен, каде што тој ја посочи важноста на неговите песни за зародишот словенечки национален идентитет. Во 1880-тите и 1890-тите тој превел голем дел од Библијата на словенечки јазик, која била објавена од Британското и странското библиско друштво.
И покрај тоа што поголемиот дел од својот живот го живееше во Виена, тој бил многу восхитен и ценет дома дури и за време на неговиот живот и бил прогласен за почесен член на Југословенската академија на науките и уметностите во 1919 година.
Remove ads
Комеморација
Главната улица што води од Тромостовје кон градскиот плоштад во Љубљана е именувана како Улица Стритар во чест на Стритар. Родната куќа на Стритар е заменета со друга зграда; од неговиот период зачувана е само житница. Уреден е во етнографски музеј.
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads