Јохана Шпири

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јохана Шпири
Remove ads

Јохана Луис Шпири (англиски: Johanna Louise Spyri, 12 јуни 1827 - 7 јули 1901 ) — швајцарска писателка на детски приказни, позната по романотХајди“.

Кратки факти Јохана Луис ШпириJohanna Louise Heusser, Роден/а ...
Remove ads

Животопис

Јохана е во руралното предградие на Хирцел, Швајцарија. Татко ѝ бил лекар.[1] Како дете таа поминала неколку лета во областа околу Хур, во Граубинден, местото што таа подоцна го користела во нејзините романи. Во 1852 година, таа стапила во брак со адвокатот Бернард Шпири. Тие живееле во Цирих, а сопругот и нивниот единствен син починале во 1884 година.

Творештво

Додека живеела во Цирих, Јохана Шпири почнала да пишува за животот во земјата. Нејзиниот прв расказ се занимавал со семејно насилство и бил објавен во 1880 година, а потоа го објавила романот „Хајди“, напишан во текот на четири недели. Освен „Хајди, Шпири има напишано уште петнаесетина книги за деца. Нејзините дела изобилуваат со искрен и наивен, понекогаш и многу сентиментален занос по идиличниот живот на децата во осамените села на швајцарските Алпи.[1]

Remove ads

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads