Лето
годишно време From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лето е едно од четирите годишни времиња, кое по конвенција на северната полутопка трае од дел од јуни, цели јули и август и дел од септември, додека на јужната полутопка од дел на декември, цел јануари, февруари до дел на март. На денот на почетокот на летото, т.е., долгодневница (летен сонцестој), во северната полутопка обична паѓа на 22 јуни, кога денот е најдолг а ноќта е најкратка. Во јужната полутопка пак, 22 декември се смета за почетокот на летото.
Годишни времиња |
Пролет |
Лето |
Есен |
Зима |
Remove ads
Летото како тема во уметноста и во популарната култура
Летото се јавува како честа тема во уметноста и во популарната култура.
Летото како тема во книжевноста
- „Разуздано лето“ — книга на Владислав Ванчура.[1]
- „Збогување со летото“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[2]
- „Летна ноќ“ — песна на полскиот поет Мјечислав Јаструн.[3]
- „Лето“ — кус расказ на македонскиот писател Филип Јовановски.[4]
- „Лето“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1988 година.[5]
- „Пред летото“ — роман на бразилскиот писател Карлос Кони.[6]
- „Летување“ (српски: Летовање) — кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[7]
- „Какво лето!“ — расказ на македонската писателка Оливера Николова.[8]
- „Кога се испотило летото“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.[9]
- „Убавото лето“ (La bella estate) - книга на италијанскиот писател Чезаре Павезе од 1964 година.[10]
- „Летна ноќ“ - песна на италијанскиот писател и режисер Пјер Паоло Пазолини.[11]
- „Летен ден“ — песна на македонскиот писател Видое Подгорец.[12]
- „Крај на летото“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[13]
- „Лето“ - роман на полскиот писател Адолф Рудницки од 1938 година.[14]
- „Летно пладне“ — песна на македонскиот писател Бошко Смаќоски.[15]
- „Ах, ова лето“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.[16]
- „Лето во аквариум“ - книга на бразилската писателка Лижија Фагундес Телес.[17]
- „Почеток на мошне убав летен ден“ - кус расказ на рускиот писател Данил Хармс.[18]
Летото како тема во популарната музика
- „Летото, 1969“ (англиски: Summer Of '69) - песна на канадскиот пејач Брајан Адамс (Bryan Adams)[19]
- „Мoјот летен одмор“ (англиски: My summer vacation) - песна на американскиот рапер Ајс Кјуб (Ice Cube) од 1991 година.[20]
- „Еве, доаѓа летото“ (англиски: Here Comes The Summer) - песна на ирската панк-рок група Андертоунс (The Undertones) од 1979 година.[21]
- „Сурово лето“ (англиски: Cruel Summer) - песна на британската поп-група Бананрама (Bananarama)[22]
- „Лето“ (англиски: Summer) — песна на американската рок-група Бафало Том (Buffalo Tom).[23]
- „Лето на Ада“ (српски: Leto na Adi) - албум на српската рок-група Блок аут (Block Out) од 1994 година.[24]
- „Летна тага“ (англиски: Summertime Sadness) - песна на пејачката Лана Дел Реј (Lana Del Ray)[25]
- „Летото речиси си замина“ (англиски: Summer's Almost Gone) - песна на американската рок-група Дорс (The Doors) од 1968 година.[26]
- „Индијанско лето“ (англиски: Indian Summer) - песна на американската рок-група Дорс (The Doors) од 1970 година.[27]
- „Летно сонце“ (англиски: Summer Sun) - песна на шведското електронско дуо Куп (Кoop) од 2001 година.[28]
- „На лето“ (англиски: In the summertime) - песна на британската група Манго Џери (Mungo Jerry) од 1970 година[29]
- „Лето“ - песна на српската и југословенска група Пилоти од 1988 година.[30]
- „Летото 68“ (англиски: Summer ' 68) - песна на британската рок-група Пинк флојд од 1970 година.[31]
- „Некој некаде на лето“ (англиски: Someone Somewhere In Summertime) - песна на шкотската рок-група Симпл мајнд (Simple MInds) од 1982 година.[32]
- „Прославено лето“ (англиски: Celebrated Summer) - песна на американската рок-група Хускер Ду (Hüsker Dü) од 1985 година.[33]
- „Летото се тркала“ (англиски: Summertime Rolls) - песна на американската рок-група Џејнс адикшн (Jane's Addiction) од 1988 година.[34]
- „Долга жешка летна ноќ“ (англиски: Long hot summer night) - песна на рок-групата Џими Хендрикс Експириенс (The Jimi Hendrix Experience) од 1970 година.[35]
Летото како тема во филмот
- „Летото на белите рози“ — хрватски игран филм, во режија на Рајко Грлиќ.[36]
- „Лето со Моника“ (шведски: Sommaren med Monika) - шведски филм од 1953 година, режиран од Ингмар Бергман (Ingmar Bergman).[37]
- „Насмевки во летната ноќ“ (шведски: Sommarnattens leende) - шведски филм од 1955 година, во режија на Ингмар Бергман.[38]
Летото како тема во сликарството
- „Летна идила“ (Ljetna idila) - слика на хрватскиот уметник Никола Машиќ од 1883 година.[39]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads