Јузеф Вибицки
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јузеф Вибицки (полски Józef Wybicki); (29 септември 1747 – 10 март 1822 ) — полски благородник, правник, поет, политички и воен активист со кашупско потекло.[1] Најчесто препознаван како автор на „Домбровска мазурка“ (полски „Mazurek Dąbrowskiego“), која била прифатена како полска државна химна во 1927 година.
Remove ads
Животопис
Вибицки е роден во Бедомин, во регионот Померанија во Полско-литванската Државна Заедница.[2] Неговото семејство потекнувало од померанско благородништво.
Завршил језуитско училиште, а во младоста бил помлад судски службеник.[3] Вибицки бил избран за заменик на Репнинскиот Сејм, на седницата на полскиот парламент во 1767 година, во пресрет на Првата поделба на Полска.[2] Подоцна се приклучил на бунтот познат како Барска конфедерација (1768–1772), чија цел било да се спротивстави на руското влијание и кралот Станислав Август Понијатовски.[2][3] Тој бил еден од советниците на Конфедерацијата, дејствувајќи како дипломат.[4] По неуспехот на бунтот, заминал на извесно време во Холандија, студирајќи право на Универзитетот Лајден.[3]

Враќајќи се во Полска, во 1770-80-тите станал член на Комисијата за национално образование.[2] Во тој период го поддржал кралот Станислав Август Понијатовски и неговите предложени реформи.[2][3] Помогнал во подготовките на либералниот Замојски кодекс (Збирка на судски закони) од доцните 1770-ти.[5] Иако не бил еден од првите заменици, бил активист на Патриотската партија за време на Големиот Сејм (1788–92). Во тој период, поголемиот дел од времето престојувал на својот имот, пишувајќи и поставувајќи опери. Меѓутоа од 1791 учествувал во расправите на Големиот Сејм.
Во 1792 година, како последица на Полско-руската војна, заедно со многу поддржувачи на Понијатовски, се приклучил на Конфедерацијата Тарговица.[6]
Учествувал во востанието на Кошќушко (1794)[2] и бил член на воениот оддел на Привремениот совет на Војводството Мазовија.[7] По неуспехот на ова востание тој се преселил во Франција.ref name="Bartov2007"/>

Биле блиски пријатели со Тадеуш Кошќушко и со Јан Хенрик Домбровски.[8] Со Домбровски ги организирале полските легиони во Италија, служејќи му на Наполеон Бонапарт.[2] Во 1797 година, додека бил во Реџо Емилија, Италија, тој ја напишал Домбровска Мазурка (Mazurek Dąbrowskiego).[2] Во 1806 година му помогнал на Домбровски да го организира Големополското востание..[3]
По создавањето на Војводството Варшава во 1807 година тој преземал неколку позиции во Министерството за правда и продолжил да работи за него по трансформацијата на војводството во Конгресна Полска.[3] Во 1817 година станал претседател на Врховниот суд на Конгресот на Полска.[9]
Починал на 10 март 1822 година во Манечки, во Шрим, тогаш дел од Големото Војводство Позен, Прусија.
Remove ads
Кариера
Вибицки бил писател, новинар и поет. Тој напишал поеми, драми и политички трактати во кои застапувал теми поврзани со реформите во Полска во 1770-тите и 1780-тите. Неговите дела од тоа време го анализираат полскиот политички систем, концептите на слободата каде се залагал за повеќе права за селанството.[10] По 1780 година објавува повеќе политички брошури, залагајќи се за либерални реформи во Војводството Варшава.
Мазурката на Домбровски ( Mazurek Dąbrowskiego) станува најпознато дело на Вибицки. По Ноемвриското востание во 1831 година, била неофицијална државна химна. Во 1927 година, Мазурката била официјално усвоена како полска државна химна од полскиот парламент (Сејм).[3][11]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads