Јузеф Вибицки

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јузеф Вибицки
Remove ads

Јузеф Вибицки (полски Józef Wybicki); (29 септември 1747 10 март 1822 ) — полски благородник, правник, поет, политички и воен активист со кашупско потекло.[1] Најчесто препознаван како автор на „Домбровска мазурка“ (полски „Mazurek Dąbrowskiego“), која била прифатена како полска државна химна во 1927 година.

Кратки факти Јузеф Вибицки Józef Wybicki, Грб ...
Remove ads

Животопис

Thumb
Палатата на Јозеф Вибицки во селото Бедомин

Вибицки е роден во Бедомин, во регионот Померанија во Полско-литванската Државна Заедница.[2] Неговото семејство потекнувало од померанско благородништво.

Завршил језуитско училиште, а во младоста бил помлад судски службеник.[3] Вибицки бил избран за заменик на Репнинскиот Сејм, на седницата на полскиот парламент во 1767 година, во пресрет на Првата поделба на Полска.[2] Подоцна се приклучил на бунтот познат како Барска конфедерација (1768–1772), чија цел било да се спротивстави на руското влијание и кралот Станислав Август Понијатовски.[2][3] Тој бил еден од советниците на Конфедерацијата, дејствувајќи како дипломат.[4] По неуспехот на бунтот, заминал на извесно време во Холандија, студирајќи право на Универзитетот Лајден.[3]

Thumb
Јан Хенрик Дабровски и Вибицки се сретнале со Наполеон во Берлин во 1806 година.

Враќајќи се во Полска, во 1770-80-тите станал член на Комисијата за национално образование.[2] Во тој период го поддржал кралот Станислав Август Понијатовски и неговите предложени реформи.[2][3] Помогнал во подготовките на либералниот Замојски кодекс (Збирка на судски закони) од доцните 1770-ти.[5] Иако не бил еден од првите заменици, бил активист на Патриотската партија за време на Големиот Сејм (1788–92). Во тој период, поголемиот дел од времето престојувал на својот имот, пишувајќи и поставувајќи опери. Меѓутоа од 1791 учествувал во расправите на Големиот Сејм.

Во 1792 година, како последица на Полско-руската војна, заедно со многу поддржувачи на Понијатовски, се приклучил на Конфедерацијата Тарговица.[6]

Учествувал во востанието на Кошќушко (1794)[2] и бил член на воениот оддел на Привремениот совет на Војводството Мазовија.[7] По неуспехот на ова востание тој се преселил во Франција.ref name="Bartov2007"/>

Thumb
Јузеф Вибицки

Биле блиски пријатели со Тадеуш Кошќушко и со Јан Хенрик Домбровски.[8] Со Домбровски ги организирале полските легиони во Италија, служејќи му на Наполеон Бонапарт.[2] Во 1797 година, додека бил во Реџо Емилија, Италија, тој ја напишал Домбровска Мазурка (Mazurek Dąbrowskiego).[2] Во 1806 година му помогнал на Домбровски да го организира Големополското востание..[3]

По создавањето на Војводството Варшава во 1807 година тој преземал неколку позиции во Министерството за правда и продолжил да работи за него по трансформацијата на војводството во Конгресна Полска.[3] Во 1817 година станал претседател на Врховниот суд на Конгресот на Полска.[9]

Починал на 10 март 1822 година во Манечки, во Шрим, тогаш дел од Големото Војводство Позен, Прусија.

Remove ads

Кариера

Вибицки бил писател, новинар и поет. Тој напишал поеми, драми и политички трактати во кои застапувал теми поврзани со реформите во Полска во 1770-тите и 1780-тите. Неговите дела од тоа време го анализираат полскиот политички систем, концептите на слободата каде се залагал за повеќе права за селанството.[10] По 1780 година објавува повеќе политички брошури, залагајќи се за либерални реформи во Војводството Варшава.

Мазурката на Домбровски ( Mazurek Dąbrowskiego) станува најпознато дело на Вибицки. По Ноемвриското востание во 1831 година, била неофицијална државна химна. Во 1927 година, Мазурката била официјално усвоена како полска државна химна од полскиот парламент (Сејм).[3][11]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads