Јунус-паша

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јунус-паша
Remove ads

Јунус-паша (турски: Devşirme Yunus Paşa; п. 13 септември 1517 ) — отомански државник и Голем везир на Отоманското Царство осум месеци во 1517 година, служејќи од 30 јануари до неговата смрт на 13 септември.[1]

Кратки факти ДевширмеЈунус Паша, Голем везир на Отоманското Царство ...
Remove ads

Животопис

Било дискутирано, но никогаш не било до крај решено дали Јунус бил со грчко, бугарско или српско потекло.[2] Бил земен преку системот на данок во крв (земен од неговото семејство и преобратен во Ислам со цел да стане отомански бирократ/војник) на мала возраст, Јунис бил израснат да стане јаничар, на крај станувајќи ага (врвен командант) на јаничарите. Во 1511 година станал везир во диванот (отоманска влада) и беглербег (главен покраински управител) на Анадолија.[2]

Јунус-паша имал голема улога во Отоманско-мамелучката војна (1516–17). По отоманската победа во Битката кај Марџ Дабиг во 1516 година, Јунус-паша, со отоманските трупи под негова команда, влегле во денешниот град Алеп, од каде што ги нападнал градовите Хама, Хомс и Дамаск. По Битката кај Рајденије во 1517 година, влегол во египетскиот град Каиро со неговите јаничари и по тридневна опсада, го освоил градот за Отоманското Царство.[3]

Поради неговите успеси и смртта на претходниот голем везир, Хадим Синан-паша, во Битката кај Рајданије на 22 јануари 1517 година, Јунус-паша бил назначен за Голем везир, осум дена подоцна, на 30 јануари. Подоцна бил истовремено назначено да биде управител на Египет. По добивањето на овие две функции, Јунус-паша наводно воспоставил организирано мито и измачување. Откако вестите за корупција стигнале до султанот Селим I, управувањето на Јунус-паша било повлечено и дадено на Хајир Беј, оставајќи го Јунус-паша со функцијата на голем везир.[2]

Се верува дека султанот Селим I го погубил Јунус-паша поради навредата на неговиот наследник Хајир Беј за неговото потекло по омразата за губењето на владеењето од него и покрај тоа што Јунус-паша бил тој што го освоил Египет за Отоманското Царство. Која и да била причината, Јунус-паша бил погубен со сечење на главата на 13 септември 1517 година.[3]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads