13 септември
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Предлошка:Септември 2025
13 септември — 256-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (257-и во престапна година). Остануваат 109 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1924 | Во Софија убиен е Димо Хаџи Димов, еден од најпознатите идеолози и теоретичари на автентичното македонско национално-ослободително движење |
| 1924 | Во Софија е убиен Владислав Ковачев, популарен штипски војвода и публицист, уредник на весникот „Автономна Македонија“ и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација |
| 1995 | Република Македонија и САД воспоставиле дипломатски односи. |
| 1995 | Во Њујорк е постигнат договор меѓу македонскиот министер за надворешни работи Стево Црвенковски и неговиот грчки колега Карлос Папуљас, со кој Грција се обврзува да ја спушти економската блокада врз Македонија, во замена за промена на официјалното знаме на Република Македонија. Проблемот со името е оставен да се решава во иднина. |
Родени:
| 1819 | Клара Шуман — германска пијанистка и композиторка, сопруга на Роберт Шуман. |
| 1874 | Арнолд Шенберг — австриски композитор. |
| 1933 | Душко Трифуновиќ — српски поет. |
| 1941 | Ахмед Сезер — претседател на Турција. |
| 1944 | Питер Сетера — американски рок-музичар, член на групата Чикаго (Chicago). |
| 1949 | Павлина Климкар - Меанџиева — македонска поетеса. |
| 1956 | Ѓорѓе Миловановиќ — српски и југословенски фудбалер. |
| 1961 | Дејв Мастејн — американски рок-музичар, член на групата Мегадет (Megadeth). |
| 1966 | Филип Шоваговиќ — хрватски глумец. |
| 1967 | Мајкл Џонсон — американски атлетичар. |
| 1967 | Слободан Ковач — српски одбојкар и тренер. |
| 1971 | Горан Иванишевиќ — хрватски тенисер. |
| 1976 | Ивица Антески — македонски поет. |
| 1982 | Нене — бразилски кошаркар. |
| 1984 | Полина Семјонова — руска балерина. |
| 1987 | Цветана Пиронкова — бугарска тенисерка. |
| 1989 | Томас Милер — германски фудбалер. |
| 1992 | Марко Гобељиќ — српски фудбалер. |
| 1995 | Љупчо Дориев — македонски фудбалер. |
| 1999 | Педро Поро — шпански фудбалер. |
Починале:
| 1336 | Јован — Ерл од Корнвол. |
| 1409 | Изабела Валоа — кралица на Англија. |
| 1592 | Мишел де Монтењ — француски писател. |
| 1598 | Филип II — крал на Шпанија. |
| 1872 | Лудвиг Фојербах — германски филозоф. |
| 1924 | Димо Хаџи Димов — македонски социјалист, член на ВМОРО и идеолог на нејзината левица. |
| 1924 | Владислав Ковачев — македонски револуционер. |
| 1989 | Стерјо Спасе — македонски писател од Албанија. |
| 1993 | Јон Исаја — македонски артист. |
| 2014 | Милан Галиќ — српски и југословенски фудбалер. |
| 2015 | Мозис Малоун — американски кошаркар. |
| 2015 | Гери Ричрат — американски рок-музичар, член на групата РЕО Спидвегон (REO Speedwagon). |
| 2017 | Грант Харт — американски рок-музичар, член на групата Хускер ду (Husker Du). |
| 2019 | Еди Мани — американски рок-музичар. |
| 2021 | Борисав Јовиќ — српски и југословенски политичар. |
| 2022 | Жан-Лик Годар — француско-швајцарски режисер. |
| 2022 | Корнелие Ковач — српски поп-рок музичар, композитор и продуцент. |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads