Јуренџик
село во Солунско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јуренџик, Реџик или Уреџик (грчки: Πεύκα, до 1955 г. Ρετζίκι, Ренѕики[2]) — населба и поранешна општина во подрајчето на Солун, Егејска Македонија. Со реформата на локалната управа во 2011, местото влегло во состав на денешната општина Неаполи-Сикјес.[3] Населението брои 13.435 жители (2021).
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа на 6 км североисточно од Солун и исто толку од Пејзаново. Лежи крај патот Солун - Хортач, на надморска височина од 230 м.[4]
Историја
Порано Јуренџик бил одморалишно место за европските конзули и стопанственици. во 1922 г. тука е подигната нова населба за грчки доселеници од Мала Азија и Источна Тракија. Во 1928 г. Ренѕик било дојденско село со 54 грчки доселенички семејства сочинети од 214 лица.[5]
Поради патот и пријатната клима, населбата продолжила да расте. Најголем пораст е забележан во 1960-тите и 1990-тите.
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Општествени установи
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads