Јурмала

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јурмалаmap
Remove ads

Јурмалаград во Латвија, оддалечен околу 25 километри западно од Рига. Јурмала е најголемо приморско летувалиште во Латвија и се наоѓа помеѓу Ришкиот залив и реката Лиелупе. Градот има 33 километарска плажа од бел песок, и население од 55,580 жители, што го прави петти најголем град во државата.

Кратки факти Јурмала, Држава ...

Додека Латвија била дел од Советскиот Сојуз, Јурмала било омиленo летувалиште и туристичко одредиште на високите функционери од комунистичката партија, главно на Леонид Брежнев и Никита Хрушчов. И покрај тоа што има голем број на поволности како куќи на плажи и хотели, некои од нив се наоѓаат во лоша состојба. Јурмала останува туристичка атракција со долгите плажи наспроти Ришкиот залив и романтичните дрвени куќички во арт нуво стил.

Remove ads

Историја

Thumb
Дрвена архитектура во Јурмала

Градот Јурмала се состои од низа на мали одморалишта. Од запад кон исток, тука се вклучени Кемери, Јаункемери, Слока, Каугури, Вајвари, Асари, Мелужи, Пумпури, Јаундубулти, Дубулти, Мајори, Џинтари, Булдури и Лиелупе.

Областа на која се простира градот Јурмала порано била дел од Рига, позната како Ригас Јурмала. Некои делови од областа, како Слока и Кемери, биле познати како бањски одморалишта многу векови. На германски јазик градот бил познат како Рига-Странд, или "плажа на Рига".

Јурмала бил познат како бањско одредиште уште од крајот на 18 век и почетокот на 19 век. Богатите земјопоседници ја започнале традицијата да одмараат на приморјето, а руските војници доаѓале да одморат по Наполеоновите војни, враќајќи се подоцна со своите семејства. Врвот на развојот на областа било отворањето на железничката линија Рига - Тукумс во 1877 година, (која сѐ уште поминува низ Јурмала) со што дошло до пораст на бројот на посетители, како и до пораст на развојот на градот како летувалиште. Јурмала исто така се здобил со реноме како здравствено одморалиште. Морското ветре, боровиот мирис, минералните извори и песочните плажи биле причина за развој на многу санаториуми во рамките на градот.

Со оглед на тоа што Рига напреднала брзо и успеала да ги придобие туристите од западните земји, Јурмала заостанувал позади. Сепак, во последните години, градот започнал да се опоравува. Многу познати личности од Русија, успешни стопанственици и други купиле куќи покрај плажата, и многу различни фестивали и други активности довеле сè повеќе луѓе во градот секое лето. Моментално, Јурмала ја постигнал популарноста која ја доживеал од советската елита.

Thumb
Дрвен објект на плажата во Мајори.
Remove ads

Архитектура

Најкарактеристичен архитектонски белег во Јурмала е распростанетоста на дрвени куќи кои датираат од крајот на 19 век и првата половина од 20 век. Поголемиот дел од градбите биле изградени од балтичко германски и латвиски архитекти, но исто така постојат градби на руски, фински и други архитекти. Архитектурата на Јурмала се одликува со класицизам, национален романтизам, и со модерни стилови. Градот има список од 414 заштитени историски градби, како и преку 4,000 дрвени објекти.

Remove ads

Плажа

Плажата во Јурмала е долга 33 километри, покриена со бел кварцен песок. Плитките крајбрежни води се погодни и безбедни за децата. Плажата е опремена со детски игралишта, мали клупи за седење, фудбалски игралишта и одбојкарски терени, како и патеки за бебешки колички и инвалидски колички. Во пролет и есен на плажата може да се најдат парчиња килибар.

Секој регион има различна плажа. Во Мајори и Булдури, каде на плажите се поставени сини знамиња, постои можност да се изнајми воден велосипед или да се ужива во кафетериите. Во Дубулти и Џинтари се одржуваат натпреварувања во фудбал и одбојка на песок, а на плажата во Пумпури може да се сурфа на ветер.

Меѓународни натпреварувања во водени спортови, како веслање, едрење, и скијање на вода се одржуваат на реката Лиелупе. Во јануари 2012 година, Јурмала бил домаќин на Светското првенство во зимско пливање.

Thumb
Панорамски поглед на плажата во Јурмала

Демографски податоци

Од 1 јануари 2011 година, градот има население од 56,060 жители.

Повеќе информации Демографија на Јурмала (2011 г.) ...

Познати личности

Следниве личности се родени во Јурмала:

Збратимени градови

Јурмала е збратимен со:[1]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads