Финска
држава во Северна Европа From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Финска (фински: Suomi; шведски: Finland), или службено Република Финска (Suomen tasavalta; Republiken Finland) — нордиска земја во Северна Европа, заобиколена со Балтичкото Море на југозапад, Финскиот Залив на југоисток и Ботнискиот Залив на запад. На копно, Финска се граничи со Шведска, Норвешка и Русија, а по вода се граничи и со Естонија. Оландските Острови, во близина на југозападниот брег се под фински суверенитет, но имаат и екстензивна автономија. Името на Финска на фински јазик е Суоми, додека на шведски е Финланд. Финска има 5 милиони население сместено на територија на триста и четириесет илјади квадратни километри, што ја прави 162 по густина на население во светот. Се рангира тринаесетта во индексот на човековиот развој на Обединетите Нации во 2005.


Најголемиот дел на Финска е низок, благо ридест, шумовит крај со многу езера. Има околу 60.000 езера, реките се користат за пренесување на дрва. Големо економско значење имаа и пловните канали. Најголемо природно богатство се шумите и затоа главно место во индустријата зазема преработката на дрва, производството на хартија, мебел и целулоза. Во густо населената приморска област се развил Хелсинки, главниот град и најголемо пристаниште со развиена индустрија.
Финците припаѓаат на угро-финската група народи и зборуваат на фински јазик. Во 1995 Финска станува членка на Европската Унија.
Remove ads
Етимологија на име
Историја
Географија и клима
Финска е држава која се наоѓа во Северна Европа.Во јужниот и северниот дел планините се со бор, даб, јавор и други. Просечната јулска температура е 16 °C, а во февруари -9 °C. Количината на снежни и дождовни врнежи е 460 мм на север и 710 на југ. Со слаб снег земјата е покриена околу пет месеци годишно во Јужна Финска и до седум месеци во Северна Финска.
За Финска се зборува дека е земја на водите. Различни се податоците околу бројот на езера во Финска, но тој број е околу 60.000 езера. Најголемо езеро е Сајма со 1.800 m². Други важни езера се Пајане, Кали, Ори и Инари. Максималната длабочина на Инари е 60 метри. Според некои податоци, езерото има околу 3.000 острови и зафаќа површина од 1.000 m². Најголема река е Боуксен.
Политички систем
Религија
Административна поделба
Република Финска има 19 региони:
- Лапонија
- Северна Остроботнија
- Каину
- Северна Карелија
- Северна Савонија
- Јужна Савонија
- Јужна Остроботнија
- Средна Остроботнија
- Остроботнија
- Пирканска
- Средна Финска
- Сатакунта
- Југозападна Финска
- Јужна Карелија
- Пејенска Тавастија
- Југозападна Тавастија
- Нова Земја
- Клименска Долина
- Оланд
Стопанство
Табела 1: Годишни реални стапки на растеж на БДП во Финска (1990-2013)[4]
Култура во Финска
Музика во Финска
Спорт во Финска
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads