Јурта

From Wikipedia, the free encyclopedia

Јурта
Remove ads

Јурта е дрвена конструкција обложена и заштитена со покривки и е живеалиште што го користат номадските народи во степите во Монголија и Средна Азија.

Thumb
Туркменска жена на влез на јурта во Туркменистан

Етимологија и синоними

Thumb
Јурта во Шимкент, Казахстан

Зборот јурта доаѓа од туркиските јазици и значи живеалиште во смисла на татковина. На казашки јазик структурата е позната како kiyiz üy (киіз үй), на киргиски јазик е boz üý (боз үй). На монголски јазик јуртата е позната како гэр.

Конструкција

Thumb
Монголска јурта

Традиционалната јурта се состои од кружна дрвена рамка покриена со покривка. Покривката е направена од волна од овци. Дрвата за правење на конструкцијата се донесуваат од најблиските долини.

Дрвената конструкција се состои од кружно поставени дрва поврзани со кружно поставени дрвени конструкции. Во одредени стилови на јурти, постојат и столбови што ја зацврстува конструкцијата. Целата дрвена конструкција, скелетот, е покриен со тенка покривка изработена од волна. Покривката е прицврстена со јажиња.

Remove ads

Симболизам

Горниот спој на дрвената конструкција (монголски: тооно, toono; казашки: Шаңырақ, shangyraq; киргиски: түндүк, tunduk) е доста застапена во културите од тој регион. Во казашката култура, горниот дел на јуртата не била менувана низ традицијата на една фамилија иако се менувала целосната конструкција. Шангракот често се сметал за семееен заштитен знак. Шангракот се наоѓа и во грбовите и знамињата на одредени земји од тој регион.

Поврзано

  • Архитектура во Монголија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads