Средна Азија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Средна Азија
Remove ads

Средна Азија или Централна Азија — регион во Азија од Каспиското Море на запад до Средна Кина на исток, на север до Јужна Русија, а на југ до Северен Пакистан.

Кратки факти Средна Азија, Површина ...
Remove ads

Држави

Повеќе информации држава, површина км2 ...
Држави кои понекогаш се сметаат за дел од Средна Азија
Повеќе информации држава/ територија, површина км2 ...
Remove ads

Население

Во Средна Азија се вбројуваат државите: Авганистан, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркметистан и Узбекистан. Заедно зафаќаат површина од 4 646 600кm². На оваа територија живеат околу 85 милиони луѓе. Се забележува дека на многу голема површина живее релативно мал број население. Причина за тоа се релјефните и климатските услови. Тоа е територија која од запад, југ и исток е граничена со планини, а на север е многу оддалечена од морето, така што врнежите во Средна Азија достигнуваат од 200мм до максимум 500мм годишно. Во отсуство на доволни количества вода се оформени пространи пустини. Со нешто поголем број население се одликуваат Авганистан и Узбекистан. Етничкиот состав на населението го претставуваат: Казаци, Руси, Туркмени, Узбеци, Киргизи, Таџици и Паштуни. Со исклучок на Авганистан, каде што се зборува пашту и се користи арапско писмо, сите други држави имаат свои јазици и користат кирилица. Покрај службените јазици се користи и рускиот јазик. Населението во Средна Азија е со исламска веросиповед (85%), христијанска (10%) итн. Исклучок е Казахстан каде што околу 25% од населението се православни христијани.

Remove ads

Стопанство

Од државите на Средна Азија, според развојот на стопанството Казахстан, Узбекистан, Туркмекистан и Киргистан се слабо развиени аграрно-индустриски земји. Огромните територии со непрегледни рамници во Казахстан, Узбекистан и Туркмекистан се основа врз која се потпира земјоделското производство. Поважни земјоделски култури се пченицата, јачменот, оризот, пченката, сончогледот, памукот, виновата лоза, компирот. Посебна одлика е одгледувањето памук и свилена буба, кои како суровини се основа за извоз и развој на текстилната индустрија. Недостиг на вода се надоместува со наводнување, особено од реките Аму Дарја и Сир Дарја, кои поради преголема употреба, често не стигнуваат до Аралското Езеро, па тоа постојано се намалува. Во Средна Азија е застапено и сточарството. Главно се одгледуваат овци и кози, а од крупниот добиток - говеда, коњи, камили, јакови. Се одгледуваат и животни со ценети крзна и кожи. Карактеристично за регионот е што поседува разновидни природни богатства, како што се: нафта, земјен гас, железо, јаглен, обоени метали, полуметални руди, волфрам, уран, жива итн. Особено важно е богатството со нафта и земјен гас околу Каспиското и Араиското Езеро. Богатите наоѓалишта на јаглен, железо и обоени метали, со исклучок на Авганистан, овозможиле развој на црната и обоената металургија, на машинската индустрија, на хемиската и нафтопреработувачката индустрија. Врз основа на суровините од земјоделско и сточарско потекло се развиени гранки на лесната индустрија, како што се текстилната, прехранбената итн. Поради пустинските и планинските територии, транспортните услови во Средна Азија не се доволно развиени.

Карти

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads