Љубе Горански
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Љубе Николов Горански (3 септември 1924 во Бањане — 1944 во Чучер) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Remove ads
Животопис
Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. По пристигнувањето на партизанските бригади на скопскиот терен во 1944 година, материјално ги помагал, а во септември 1944 година и самиот стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Учествувал во борбите против балистите на терените на Скопска Црна Гора. Во почетокот на октомври 1944 година, бил во заседа против силни германски единици. Така во една истурена позиција бил погоден од непријателски куршум. Тешко ранет се обидел да дојде до своето село. Подоцна бил пронајден мртов од неговите другари кај Чучерски Дол. Бил закопан на селските гробишта во неговото родно село Бањани.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads