Љубе Димчев Петковски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Љубе Димчев Петковски ( 1924 во Довезенце20 октомври 1944 во Матка) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

Израснал во средноимотно селско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. На 10 август 1944 година, тој стапил во борбените редови на Третата македонска ударна бригада. Учествувал во низа жестоки борби против непријателот. Посебно успешни борби бригадата водела на велешкиот и кумановскиот терен. На 20 октомври 1944 година учествувал во борбата против балистите и Германците кај хидроцентралата Матка. На овој терен побројниот балистички непријател помогнат од страна на германските единици со тешко оружје, ја принудиле бригадата времено да се повлече. Во таа тешка битка, го изгубил својот живот.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads