Љубомир Рајчевски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Љубомир Јорданов Рајчевски ( 1918 во Кучевиште — 1945 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
Произлегува од земјоделско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Во почетокот на септември 1944 година, стапил во редовите на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во сите борби против балистите и Германците на падините на Скопска Црна Гора. По ослободувањето на Скопје, бил распореден во аеродромската чета во Скопје. Од воените напори и поминатите денови во битките против непријателот, тешко оболел и во јуни 1945 година, тој подлегнал на болеста. Неговите останки биле закопани на скопските гробишта.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads