Ћ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ћ (кирилица: ћ; глаголица:
) — 23 буква од српската азбука. Буквата потекнува од старословенската буква Ћ која имала вредност /ɟ/. Денес буквата има вредност /t͜ɕ/ и е слична со изговор со македонската буква Ќ, но разликата е во тоа што македонската буква Ќ е помека во изговор. При транскрипција, најчесто се пишува како Ć.
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Прв ја користел Доситеј Обрадовиќ, како обид за оживување на буквата ѓерв (Ꙉ), а подоцна била прифатена и од Вук Стефановиќ Караџиќ во неговиот речник од 1818 година.[1][2] Исто така, и Кирил Пејчиновиќ во своето дело Огледало од 1816 година ја користи буквата ћ.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
