Ќелијно училиште
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ќелијните училишта до средината на 19 век се најраспространети училишта во Македонија. Тие биле единствени центри на црковно-словенската писменост.

Такви училишта најпрвин имало по манастирите во Македонија, поради што се познати како манастирски училишта. Бројни податоци укажуваат дека до 17 век старите манастири во Македонија не биле само места во кои се одгледувала црковната книжевна традиција, туку дека тие ja вршеле и функцијата на елементарни училишта на црковната просвета и образование. Веќе во 17 и 18 век освен Хиландарскиот, Зографскиот и Рилскиот манастир, како средишта на црковно-словенската просвета и духовната пробуда особено биле познати манастирите: Св. Архангел Гаврил Лесновски, Св. Прохор Пчински, Св. Јоаќим Осоговски, Св. Јован Ветерски, Трескавец, Слепче, Св. Јован Бигорски, Кичевска Пречиста, Св. Атанасие Лешочки и др.[1]
Под влијание на манастирските, во 18 век ќелијни училишта почнале да се отвораат и во градовите. Такви училишта отворале во црквите свештениците и калуѓерите и поради тоа се викале попски или црковни училишта. Во нив децата се подучувале во црковната писменост и пеење, на црковниот ред и служба и се подготвувале за свештенички позив.[1]
Мегутоа, од средината на 18 век во Македонија почнале да се појавуваат ќелијни училишта во кои како учители се појавиле и световни лица. Тоа се таканаречените приватни ќелии, кои по својот карактер многу не се разликувале од манастирските и црковните ќелијни училишта. Разликата била само во тоа што нив ги отворале во своите куќи световни учители, а ги издржувале родителите на учениците. Појавата на приватни ќелијни училишта се совпаѓа со првата фаза на формирањето на македонските градови и создавањето во нив на македонското занаетчиство. Приватната ќелија почнува да се приспособува на барањата и потребите на младото еснафство и покрај знаењата од црковните науки на учениците им давала и знаења по сметање и некои други науки.[1] Отпрвин приватни ќелијни училишта се појавиле во поголемите градови, како Велес, Скопje и Прилеп, кои претставувале важни трговски центри. Но, кон крајот на 18 век приватни ќелии имало и во другите македонски градови.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads