Копривштица
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Копривштица (бугарски: Копривщица) — историски град во Софиска Област, Бугарија. Покрај градот тече реката Тополница, а во близина се наоѓа планината Средна Гора. Познат е по тоа што е еден од центрите на Априлското востание од 1876, автентичната бугарска преродбеничка архитектура и фестивалот за народна музика. Копривштица се наоѓа на 111 км источно од главниот град Софија.
Remove ads
Забележителности
- Ослекова куќа (1853-1856), денес Етнографски музеј
- Бенковска куќа (1831) - куќата на револуционерот Георги Бенковски
- Каравелова куќа (1810-1835) - куќата на револуционерот Љубен Каравелов
- Каблешкова куќа (1810-1835) - куќата на револуционерот Тодор Каблешков
- Дебељанова куќа (1830) - куќата на поетот Димчо Дебељанов
- Љутова куќа (1854) - куќата на трговецот Петко Љутов
- Герова куќа (1810-1835) - куќата на преродбеникот Најден Геров
- Црква „Успение Богородично“ (1817)
- Црква „Свети Никола“ (1839)
- Мемориал „20 април“ (1926)
- Калачев мост (1813) - познат и како „Мост Прва Пушка“ за тоа што овде е објавено Априлското востание
- Читалиште „Хаџи Ненчо Палавеев“ (1869)
- Училиште „Свети Кирил и Методи“ (1837) - првото класно училиште во бугарските земји
- Улица на занаетите
Remove ads
Личности
- Георги Бенковски, револуционер
- Љубен Каравелов, револуционер и писател
- Димчо Дебељанов, поет
- Тодор Каблешков, револуционер
- Најден Геров, преродбеник
- Неофит Рилски, преродбеник
Галерија
- Читалиште „Хаџи Ненчо Палавеев“
Надворешни врски
- Мрежно место на Копривштица (англ.) Архивирано на 14 октомври 2007 г.
- Галерија на Копривштица
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads