Ќерамидарка (Мокрино)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ќерамидарка — археолошко наоѓалиште во Мокрино, Општина Ново Село.
Претставува населба од римско и средновековно време. Се наоѓа 2 км северно од селото, крај патот што води кон полето, на блага падина во подножјето на Беласица. Во 1988 година во нивите на Р. Павлов и Ј. Гочев било извршено ископување при што биле откриени два културни стратума. Постариот е од римското време и нему му приаѓаат остатоците од темели на објект што не може да се дефинира архитектонски, во кој се најдени фрагменти од керамички садови и монети од 3 и 4 век. Помладиот стратум го претставува средновековна некропола со инхумирани покојници во гробови без конструкција, поставени во правец запад-исток. Поголем дел од некрополата е уништен од орањето и ерозијата, особено во повисоките северни делови. Откриени се 6 гроба со прилози од накит, а во некои и бронзени римски монети ставани како оболи. Од накит има обетки, белезици од стакло и бронза и прстени, што сите заедно се дати-рани во периодот меѓу 12 до 14 век[1].
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads