Општина Ново Село
општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Ново Село — рурална општина во Југоисточна Македонија. Центар на општината е селото Ново Село.
За други истоимени места, погледајте Ново Село.


Remove ads
Географија
Границите на општина Ново Село на исток допираат до државната граница на Македонија со Бугарија, а на југ до државната граница на Македонија со Грција, притоа опфаќајќи ја тромеѓата меѓу триве држави. Општина Ново Село на запад граничи пак со општините Струмица и Босилово, а на север и со општина Берово.
Историја
Стопанство
Демографија
Општина Ново Село има вкупно население од 11.567 жители според податоците од пописот од 2002 година. Општината опфаќа 16 населени места (по азбучен ред): Бадолен, Бајково, Барбарево, Борисово, Дражево, Зубово, Колешино, Мокриево, Мокрино, Ново Коњарево, Ново Село, Самоилово, Смолари, Старо Коњарево, Стиник и Сушица. Општината има густина на население од 48,64 жители на километар квадратен.[2][3]
Македонците се најбројна етничка група во општината според пописот од 2002 година:[4]
| Народ | Жители |
| Македонци | 11.509 |
| Роми | 3 |
| Срби | 25 |
| Бошњаци | 2 |
| останати | 28 |
Според пописот од 2002 година, во општината се зборувале следните јазици:[4]
| Јазик | Говорници |
| македонски | 11.509 |
| српски | 33 |
| турски | 4 |
| ромски | 3 |
| влашки | 1 |
| останати | 17 |
Според пописот од 2002 година, во општината биле застапени следните религии:[4]
| Вероисповед | Вкупно |
| православни | 11.292 |
| муслимани | 8 |
| протестанти | 17 |
| останати | 250 |
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Градоначалник на општина Ново Село е Ѓорѓе Божинов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.[5]
Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 11 члена.[6]
Културни и природни знаменитости
Недалеку од Општина Ново Село се наоѓа познатиот хотел „Подгорски Ан“.
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads

