Ќопрулу Фазил Ахмед-паша

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ќопрулу Фазил Ахмед-паша
Remove ads

Ќопрулу Фазил Ахмед-паша (роден во Велес - 3 ноември 1676 во Цариград) — османлиски државник и Голем везир на империјата во периодот од 31 октомври 1661 до 3 ноември 1676 година.

Кратки факти Ќопрулу ФазилАхмед паша, Голем везир на Османлиското Царство ...

Тој бил член на познатото албанско семејство Ќопруловци. Во периодот од 1661 до 1676 година бил голем везир наследувајќи го неговиот татко. Тој бил наречен Фазил што во превод значи мудар, главно поради намалување на даноците и промовирање на образованието. Од друга страна бил брутално вовлечен во војна со Австрија (1663-1664). На почетокот на јули 1664 година успеал да го сруши Зринскиот замок во денешна Хрватска по едномесечна опсада. Иако бил поразен во Битката кај Сентготард, сепак ја добил можноста од проширување на териториите според договорот од Вашвар каде Трансилванија била призната од Австрија како османлиска територија и монархијата исто така се задолжила да плати репарација на Османлиите. По потпишувањето на договорот силите биле свртени кон Крит каде била опседната Кандија во 1669 година. Во негово време биле потпишани и договорите од Бучач во 1672 и Зуравно во 1676 година.

Remove ads

Џамија

Везирот е нарачател на единствената џамија во Велес, наречена Фазил Ахмет-пашина џамија. Според преданието, тој наредил џамијата да се изгради од црн камен до гробот на неговата почината ќерка, поради што таа го носи името „Црна џамија“.

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads