Кара Мустафа-паша
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кара Мустафа-паша (1634/1635 - 25 декември 1683 година) — отомански воен водач и везир како главен лик во последните обиди на Отоманското Царство за експанзија кон Централна и Источна Европа. Тој е роден од турски родители и се оженил за една од ќерките за Ќопруловци служејќи како гласник на Дамаск во времето на Ќопрулу Фазил Ахмед-паша.
Во текот на својата кариера служел како командант на копнените сили во војната против Полска во 1672 година кога била заземена Подолија. Во 1676 година кога починал неговиот полубрат Ќопрулу Фазил Ахмед-паша, тој го наследил на функцијата големи везир.
Во негово време започнал конфликтот со Русија кога Османлиите биле принудени да потпишат договор во 1681 година. Во 1683 година започнал воен поход кон север на територијата на Австрија достигнувајќи до Виена во 1683 година со повеќе од 100.000 војници, следејќи ги стапките на Сулејман Величествениот од 1529 година. Кога се гледала победата над градот, во септември пред ѕидините дошла полската армија на Јан Собиески по кое следувал катастрофален пораз на Османлиите и нивно повлекување кон Унгарија. По поразот Мустафа бил задавен на 25 декември 1683 година во Белград по наредба на Мехмед IV.
Неговите последни зборови биле: Бидете сигурни дека сте го врзиле јазолот силно. Неговиот надгробен споменик подоцна бил пренесен од Белград во Едрене.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads