Ќоселија

село во Општина Радовиш From Wikipedia, the free encyclopedia

Ќоселијаmap
Remove ads

Ќоселија — село во Општина Радовиш, источна Македонија. Денес нема жители.[2]

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во источниот дел на општината, североисточно од градот Радовиш. Лежи на јужните падини на планината Плачковица над селото Сариѓол, на надморска височина од 780 м. Атарот е мал, со површина од 3 км2.[3] Во селото извира поток кој тече на југ, и пред с. Ораовица се слева со друг поток, образувајќи ја реката Ступница.

Историја

Во XIX век Ќоселија било турско село во Радовишката каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Ќосели имало 100 жители, сите Турци.[4]

Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Ќуселии живееле 156 Турци.[5]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Во периодот пред Втората светска војна, населението на Ќоселија доживеало пораст и продолжило со умерен раст по војната. Ова се променило во 1950-тите кога целото село е испразнето, веројатно поради иселувањето на Турците од Македонија. Според пописот од 2002 година, Ќоселија немала ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads