Ќој Дере
река во Зихненско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ќој Дере — река во Зихненско, Егејска Македонија, притока на Драматица.[1]
Реката извира во северниот дел на планината Кушница, источно над Ќупќој, источно под врвот Бухари (1435 м) под името Борданос (Μπορδάνος).[1] Тече во северозападен правец. Тука на една од многубројните притоки има два камени моста — Солинарудскиот[2] и Светиилискиот.[3] Излегува од планината кај селото Ќупќој и продолжува на северозапад под името Клицокос. Проаѓа источно од селото Анџишта и зазема речиси северен правец под името Ќој Дере. Како таква се влева во Драматица како нејзина лева притока, северно од селото Станица Анџишта.[1]
Remove ads
Поврзано
- Солинарудски мост
- Светиилиски мост
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads