Џакомо дела Порта

From Wikipedia, the free encyclopedia

Џакомо дела Порта
Remove ads

Џакомо дела Порта (итал. Giacomo della Porta); (~ 1533 1602 во Рим) ) бил италијански архитект и вајар од ренесансата, разни значајни зданија во Рим како базиликата Св. Петар.[1] Роден е во Порлеца, Ломбардија, а починал во Рим.

Thumb
Фасада на црквата „Ил Џезу“ во Рим.
Thumb
„Христос му ги носи клучевите на Рајот на Свети Петар“ (1594), Св. Пунденцијана, Рим
Thumb
Фонтана на желките

Животопис

Дела Порта бил ученик и соработник на Микеланџело Буонароти и Јакопо Бароци да Вињола, и попримил влијанија од двајцата. Од 1563 г. работел на извршување на Микеланџеловите планови за уредување на отворените простори на ридот Капитол (Кампидољо), изеведувајќи ги скалиштата и фасадата на Палацо Сенаторио.

По смртта на Вињола во 1573, продолжил со изградбата на Ил Џезу, матичната црква на редот Исусовци, а во 1584 г. ја преработил фасадата по свој нацрт.

Во 1573 г. бил надлежен архитект во изградбата на базиликата Св. Петар, а во периодот од 1588 до 1590 ја довршил куполата на Микеланџело во соработка со Доменико Фонтана.

Џакомо дела Порта изработил разни фонтани во Рим. Тука спаѓаат и оние на Пјаца дел Пополо: Нептуновата фонтана и Фонтана на Маварот на плоштадот Пјаца Навона.

Remove ads

Одбрани дела

  • Певница на Св. Крочифисо (1562-1568)
  • Црква Ил Гезу (1571-1575)
  • Фонтани кај Палацо Боргезе (1573)
  • Фонтани на Пјаца Колона (1574)
  • Мали фонтани на Пјаца Навона (1574)
  • Една фонтана на Пјаца дела Ротонда (кај Пантеонот)
  • Палацо Сенаторио на ридот Капитол (1573-1602)
  • Палацо дела Сапиенца (1578-1602)
  • Палацо Капицуки (1580)
  • Св. Марија Планинска (1580)
  • Св. Анастасиј Грчки (1581)
  • Фасада на Св. Лујџи деи Франчези (1589)
  • Фонтана на желките (1584)
  • Св. Марија Скала Коели
  • Палацо Марескоти (1585)
  • Палацо Серлупи (1585)
  • Св. Троица Планинска (1586)
  • Фонтана на плоштадот на Св. Троица Планинска (1589)
  • Куполата на базиликата Св. Петар (1588-90)
  • Фонтани на плоштадот на Св. Марија во Кампители (1589)
  • Фонтаните спроти Св. Венанцио и Ансовино (1589)
  • Фонтана на Терина (1590)
  • Скулптура „Христос му ги носи клучевите на Рајот на Свети Петар“ (1594) - олтар на капелата Св. Петар, црква Св. Пуденцијана
  • Палацо Фани (1598)
  • Свети Павле до Трите Фонтани (1599)
  • Свети Никола во Зандана (1599)
  • Палацо Албертони Спинола (1600)
  • Вила Алдобрандини (1600-02) во Фраскати
  • Капела Алдобрандини (1600-02) во Св. Марија над Минерва
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads