Џамија Гази Хусрев Бег
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Џамијата Гази Хусрев Бег (турски: Gazi Hüsrev Bey Camii) е џамија која се наоѓа во Сараево, Босна и Херцеговина. Овој објект бил изграден во 1530 година, а нејзин архитект е Акем Есир Али[1] кој исто така ја изградил џамијата Јавуз Селим во Истанбул. Нејзиното купе е високо 26 метри, а нејзиното минаре 47 метри.
Во 1898 година, за време на Австроунгарското Царство, Беговата џамија, како скратено ја нарекуваат сараевчани, е прва џамија во светот во која се изработени електрични инсталации како и внатрешно електрично осветлување.
Сместена во срцето на Баш Чаршијата, Беговата џамија е мета на многубројните туристи од цел свет.
Remove ads
Во медиуми
Беговата џамија заедно со саат-кулата е застапена во многу филмови, пред сè во филмови од документарен карактер.
Во филмот Валтер го брани Сараево, впечатлива е 10 минутната престрелка на Пилот (Бата Живоиновиќ), Сури (Слободан Димитриевиќ) и Илегалец (Давор Антолиќ) со германски воен ескадрон кој е во интензивна потрага по Валтер. Престрелката се одвива во влезните одаи, во дворот на џамијата, на саат-кулата и по покривот на џамијата.
Remove ads
Галерија
- Гази Хусрев-Бегова џамија со саат кулата (лево)
- Дворот на џамијата
- Вантрешност на џамијата
- Гази Хусрев-Беговите турби
- Разгледница од 1900 г.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads