Сараевска саат-кула

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сараевска саат-кула
Remove ads

Сараевска саат-кула (босански : Sarajevska sahat-kula) — саат-кула во Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина. Се наоѓа покрај џамијата Гази Хусрев Бег и е највисоката од 21 саат-кула подигнати низ целата земја, достигнувајќи височина од 30 метри. Кулата била прогласена за Национален споменик на Босна и Херцеговина во 2006 година од страна на Комисијата за зачувување на националните споменици на Босна и Херцеговина.[1]

Thumb
Сараевска саат-кула
Thumb
Часовникот користи источнорапски бројки. Кулата се гледа овде до минарето на џамијата.
Remove ads

Историја

Сараевската саат-кула била изградена од Гази Хусрев-бег, гувернер на областа за време на отоманскиот период.[2] Најраното познато документирано спомнување на кулата датира од 17 век во дело на Евлија Челебија. Саат-кулата била обновена двапати, еднаш по оштетување од пожар кога градот бил нападнат од принцот Евгениј Савојски во 1697 година, и повторно во 1762 година.[3]

Во 1874 година, часовникот бил заменет со механизам направен од Жилет и Бланд од Лондон. Претходниот турски механизам бил преместен во џамија во населбата Вратник.

Во 1967 година, часовникот бил поправен, а стрелките и броевите на сите четири страни на часовниците на саат-кулата биле позлатени.

Remove ads

Поврзано

  • Список на национални споменици на Босна и Херцеговина
  • Башчаршија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads