Џамија Шабанџи Меркез
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Џамијата Шабанџи Меркез (турски: Sabancı Merkez Camii) се наоѓа во Адана, Турција и е една од најголоемите џамии во Турција[2]. Надворешноста на џамија приликува на Султан Ахмедовата џамија („Сина џамија“) во Истанбул, додека пак внатрешната декорација е слична на Селимовата џамија во Едрене.
Remove ads
Историја
Џамијата Шабанџи Меркез била целосно отворена во 1998 година. Таа е изградена на вкупно 52.600 квадратни метри земјиште и има затворена површина од 6.600 квадратни метри.[3]
Џамијата била изградена заеднички од страна на Турската религиозна фондација и фондацијата Шабанџи Меркез. Сопственоста на џамија е во рацете на Аданската религиозна фондацијата и муфтијата на џамијата.
Џамијата Шабанџи Меркез била изградена на пресекот на главните артерии, железнички линии и патишта кои ја поврзуваат Адана со околните градови и региони. Џамијата е речиси симбол на градот, каде своите високи минариња се видливи од речиси сите страни во градот. Џамијата, која има капацитет од 28.500 луѓе, е симбол како една од најголемите џамии на Балканот и Блискиот Исток.
Џамијата се наоѓа на бреговите на реката Сејхан. Таа има т.н. величествена структура со 6 минариња. Постојат осум столбови кои лежат на главната купола, која пак има пречник од 32 метри. Висината на главната купола е 54 метри од подот. Четирите минариња, кои се во непосредна близина на главната зграда, се високи 99 метри, а другите две минариња кои се со полузатворен трем се високи 75 метри.
Во џамијата постои комплекс којшто вклучува 4 училници, 10 итикаф соби, соби на имамот и муезинот, фонтана итн. Целата калиграфска уметност во џамијата му припаѓа на Хусеин Култу.
Remove ads
Галерија
- Палатата
- Шабанџи џамија
- Шабанџи џамија
- Шабанџи џамија
- Поглед кон џамијата
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads