1998
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1998 (MCMXCVIII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1998 година од новата ера, 998. од вториот милениум, 98. од XX век и деветта од 1990-тите.

Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7506 и 7507 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6748 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5758 и 5759 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2751.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1998 година се протега во 4634 и 4635, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4694 и 4695 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2541. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1418 и 1419 исламска година.
Remove ads
Настани
- 7 февруари – Отворени се Зимските олимписки игри во Нагано, Јапонија.
- 21 март - Основана е Демократската алтернатива.
- 21 мај – Сухарто, индонезиски претседател, поднесува оставка.
- 1 јуни - Соња Николовска, сопственик на пирамидалната штедилница ТАТ е осудена на казна затвор од 8 години.
- 17 јули – Во Рим е договорено формирањето на Меѓународниот кривичен суд.
- 7 август – Извршени се напади врз амбасадите на САД во Танзанија и Кенија.
- 7 септември – Основан е Гугл.
- 18 октомври - Во Република Македонија се одржува првиот круг од третите парламентарни избори.
- 1 ноември – Основан е Европскиот суд за човекови права.
- 30 ноември - Избрана е Владата на Република Македонија предводена од Љубчо Георгиевски.
- 6 декември – Уго Чавес е избран за претседател на Венецуела.
Remove ads
Родени
Починале
- 15 април – Пол Пот, водач на Црвените Кмери
- 16 април - Михаил Сматракалев, македонски поет
- 19 април – Октавио Пас, мексикански писател и дипломат
- 23 април – Константин Караманлис, грчки политичар
- 14 мај – Френк Синатра, американски глумец и пејач
- 5 август — Тодор Живков, бугарски комунистички водач
- 6 септември – Акира Куросава, јапонски режисер и сценарист
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
