Џанпаоло Белини

италијански фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia

Џанпаоло Белини
Remove ads

Џанпаоло Белини (роден на 27 март, 1980 година, во Сарнико) — италијански фудбалски тренер, и поранешен играч од одбраната. Моментално ја води екипата на Аталанта под 17 години.

Кратки факти Џанпаоло Белини, Лични податоци ...

Како играч, Белини целата своја кариера ја поминал играјќи само за еден клуб, Аталанта од Бергамо, за која настапувал во периодот 1998-2016. Како легенда на клубот, тој исто така, бил капитен и го држи рекордот по бројот на настапи со 435 одиграни натпревари во дресот на Ла Деа.[1]

Во перидот 2000-2002, одиграл 15 натпревари без постигнат гол за италијанската репрезентација под 21 година, со која настапил на Европското првенство во категоријата во 2002 година.

Remove ads

Биографија

На 22 мај 2014 година, се оженил со Кристина Сегеци во неговиот роден град.[2] Со неа имаат три деца.[3]

Технички карактеристики

Белини бил лев бек, кој во кариерата по потреба играл и на десната страна,[4] но, исто така, и како стопер.

Клупска кариера

Белини започнал да игра фудбал во 1986 година, приклучувајќи и се на Аталанта каде ги поминал сите младински рангови, матурирајќи со освојувањето на Примавера првенството во сезоната 1997-1998.[5] Следната сезона тој започнал да се пробива во првиот тим, за кој го направил своето деби на 11 април 1999 година, во Серија Б, за време на натпреварот Аталанта - Верона (3-2). Вкупно, таа сезона забележал 4 настапи. На почетокот на следната сезона, на 15 септември 1999 го постигнал својот прв гол во кариерата, во победата со 3-0 во Купот на Италија против Пистоезе.[6]

Неговото деби во Серија А се случило на 1 октомври 2000 година, за време на натпреварот Аталанта-Лацио (2-2).[7] Во сезоната 2000-2001, тренерот Вавасори продолжил да му верува, па така тој одиграл неколку натпревари како стартер. Истата сезона тој постигнал 2 гола, и двата во Купот на Италија и двата против Рома. Првиот во воведниот натпревар на Олимпико, одговарајќи на голот на Винченцо Монтела за Рома и израмнувајќи го резултатот на 1-1; вториот во реваншот, во кој Аталанта победила со 4-2 и изборила пласман во четвртфиналето.[8][9]

Следната сезона, тој започнал да игра како редовен стартер откако дотогашниот лев бек на тимот, Лучано Ѕаури, бил преместен десно. Белини забележал 20 настапи во сезоната во која го мачеле и повреди. Сезоната 2002-2003 била реприза на претходната, при што играчот имал бројни повреди што го спречиле редовно да излегува на теренот. Својот прв првенствен гол го постигнал следната сезона, во Серија Б, на 17 април 2004 година, во натпреварот што Аталанта го добила против Катанија (3-0).[10] Истото го повторил само 13 дена подоцна, постигнувајќи го голот за моментални 1-0 против Виченца (натпреварот завршил 3-2 за Ла Деа). Во следните сезони, тој станал незаменлив за секој тренер кој седел на клупата на клубот од Бергамо, играјќи постојано како стартер на позицијата лев бек.

Во летото 2008 година, тој бил обвинет, заедно со 4 играчи на Ливорно дека незаконски го наместил натпреварот од 23 декември 2007 година.[11] Обвиненијата не довеле до казна, меѓудругото и поради недостиг на докази.[12] Во сезоната 2008-2009 одиграл 34 натпревари (негов личен рекорд во една сезона) придонесувајќи за опстанокот на тимот.

Следната сезона, тој го постигнал првиот гол на Аталанта во првенството, во четвртото коло завршено со четвртиот сезонски пораз откако Бари славел со 4-1 по што тренерот Анџело Грегучи добил отказ.[13] Слабиот почеток не можел да биде надоместен, по што клубот испаднал на крајот на сезоната. На 26 јули 2010 година, тој го обновил својот договор со нероаѕурите до 30 јуни 2013 година, со опција и за следната година.[14] На 5 септември 2010 година, во домашниот натпревар против Фрозиноне, Белини станал играчот со најмногу настапи во официјални натпревари со дресот на Аталанта.[15] На 19 февруари, тој исто така го надминал Стефано Анџелери според бројот на првенствени настапи, со што станал најистакнат играч на Аталанта на сите времиња. Тринаесеттата сезона во дресот со црно-сино ја завршил со 34 настапи (33 во лигата и 1 во Купот на Италија) и вторпат во кариерата го освоил второто ниво на италијанскиот фудбал. Во следната сезона, тој одиграл 20 натпревари и го постигнал својот петти гол во кариерата во Серија А во победата од 3-1 против Наполи, одигран на 11 април 2012 година.[16]

На 16 март 2014 година, излегувајќи на теренот против Сампдорија откако го заменил Кристијано Дел Гросо, дошол до неговиот 400-ти настап во дресот на Аталанта.[17] На крајот од сезоната 2014-2015, тој имал 264 настапи во Серија А за клубот, а му претходел единствено само Анџелери (застанат на 281) во конкретното рангирање.[18]

Следната година, тој се доближиl уште повеќе до рекордот, најавувајќи и дека има намера да се пензионира на крајот од првенството.[19][20] На 8 мај 2016 година, на последниот домашен натпревар од сезоната, тој го постигнал голот со кој клубот ремизирал 1-1 против Удинезе, реализирајќи пенал; ова бил негов прв гол во сезоната, прв од пенал и шестти во 279 настапи во Серија А (281 сметајќи го и плејофот, со што стигнал до Анџелери) со Аталанта.[21][22]

Remove ads

Репрезентативна кариера

На 16 август 2000 година, тој го направил своето деби за репрезентацијата под 21 година во натпреварот Италија-Мексико.

Вкупно, тој забележал 15 настапи за италијанската репрезентација под 21 година, со која учествувал на Европското првенство 2002 одржано во Швајцарија, започнувајќи ги и трите натпревари во групата против Португалија, Англија и Швајцарија. Дисквалификуван поради парни жолти картони, тој не играл во полуфиналето против Чешка, што се покажало кобно за „аѕурините“.

Remove ads

Тренерска кариера

Почнувајќи од сезоната 2017-2018, Белини се вратил за да биде дел од персоналот на Аталанта, почнувајќи да работи како помошник на Масимо Брамбиља на клупата на Примавера тимот на Аталанта.[23] Со младите играчи на Ла Деа, двојката освоила две шампионски титули и два последователни Суперкупови во категоријата, во сезоните 2018-2019 и 2019-2020.[24]

Во летото 2022 година, по реорганизацијата на техничкиот штаб на младинскиот тим на Аталанта, Белини добива можност да го започне своето искуство како тренер, назначен да го води тимот под 17 години.[24][25]

Remove ads

Клупска статистика

Повеќе информации Сезона, Клуб ...
Remove ads

Титули

Аталанта

  • Скудето Кампионато Примавера : 1
1997-1998
2005-2006, 2010-2011

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads