1980
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1980 (MCMLXXX) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1980 година од новата ера, 980. од вториот милениум, 80. од XX век и прва од 1980-тите.

Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7488 и 7489 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6730 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5740 и 5741 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2733.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1980 година се протега во 4616 и 4617, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4676 и 4677 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2523. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1400 и 1401 исламска година.
Remove ads
Настани
- 22 јануари – Андреј Сахаров, советски научник и дисидент, е уапсен во Москва.
- 26 јануари – Израел и Египет воспоставуваат дипломатски односи.
- 13 февруари – Отворени се Зимските олимписки игри во Лејк Плесид, САД.
- 25 февруари – Во Суринам е извршен воен удар.
- 26 февруари – Египет и Израел воспоставуваат дипломатски односи, со што се завршува 30-годишната воена состојба помеѓу двете земји.
- 4 март – Роберт Мугабе е избран за премиер на Зимбабве.
- 21 март – Американскиот претседател Џими Картер објавува дека САД ќе ги бојкотира Летните олимписки игри во Москва.
- 12 април - Во Либерија е извршен воен удар.
- 18 април – Зимбабве стекнува независност од Британија.
- 30 април – Холандската кралица Јулијана абдицира во корист на својата ќерка Беатриса.
- 4 мај - Во Клиничкиот Центар во Љубљана умре Јосип Броз Тито, доживотен претседател на СФРЈ и на Сојузот на Комунистите на Југославија. 140 државни делегации присуствуваа на погребот во Белград, што претставуваше најголемиот дипломатски собир во историјата и најголем медиумски настан дотогаш. Само на погребот на папата Јован Павле II во април 2005 присуствуваа повеќе делегации и новинари.
- 20 мај – На референдумот во Квебек гласачите го отфрлаат предлогот за независност на Квебек од Канада.
- 25 јуни – Муслиманското братство извршува неуспешен атентат врз сирискиот претседател Хафез ел Асад.
- 19 јули – Отворени се Летните олимписки игри во Москва.
- 30 јули - Вануату прогласува независност.
- 12 септември – Во Турција е извршен воен удар.
- 17 септември – Во Полска е основан независниот синдикат Солидарност.
- 22 септември – Ирак одлучува да го нападне Иран, со што започнува Иранско-ирачката војна.
- 22 септември – Грција повторно се вклучува во воената структура на НАТО, од која излезе во 1974 година.
- 4 ноември – На претседателските избори во САД победува републиканецот Роналд Реган.
Remove ads
Родени
- 25 јануари - Кристијан Олсон, шведски атлетичар
- 27 јануари - Марат Сафин, руски тенисер
- 21 март - Роналдињо, бразилски фудбалер
- 28 април - Каролина Гочева, македонска пејачка
- 30 мај - Стивен Џерард, англиски фудбалер
- 17 јуни - Венус Вилијамс, американска тенисерка
- 10 јули - Џесика Симпсон, американска пејачка
- 26 август - Крис Пајн, американски глумец
- 26 август - Меколи Калкин, американски глумец
- 12 септември - Јао Минг, кинески кошаркар
- 30 септември - Мартина Хингис, швајцарска тенисерка
- 18 декември - Кристина Агилера, американска пејачка
Починале
- 12 јануари - Петре Пирузе, македонски правник, учесник во НОБ и затвореник на Голи Оток
- 22 февруари - Оскар Кокошка, австриски уметник
- 18 март - Ерих Фром, германски психоаналитичар
- 20 март - Волче Наумчески, македонски писател
- 24 март - Оскар Ромеро, салвадорски надбискуп
- 31 март - Џеси Овенс, американски атлетичар
- 15 април
- Жан Пол Сартр, француски филозоф и писател
- Ванчо Николески, македонски писател
- 21 април - Александар Опарин, руски биохемичар
- 29 април - Алфред Хичкок, британски режисер
- 2 мај - Кирил Петрушев, прв министер за внатрешни работи на Македонија
- 4 мај - Јосип Броз Тито, југословенски претседател
- 7 јуни - Хенри Милер, американски писател
- 16 јуни - Владимир Полежиноски, учесник во НОБ и затвореник на Голи Оток
- 24 јули - Питер Селерс, британски глумец
- 27 јули - Мухамед Реза Пахлеви, ирански шах
- 16 септември - Жан Пјаже, швајцарски психолог
- 21 октомври - В'лко Червенков, бугарски политичар
- 31 октомври - Бане Андреев, македонски комунист
- 3 декември - Драги Костовски македонски глумец
- 8 декември - Џон Ленон, британски пејач
- 18 декември – Алексеј Косигин, советски политичар
- 31 декември - Маршал Меклуан, канадски писател
Remove ads
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads