Џеки Стјуарт
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сер Џон Јанг „Џеки“ Стјуарт, РБИ [2] (роден на 11 јуни 1939 година) е британски поранешен возач на трки во Формула 1 од Шкотска. Со прекар како „Летечкиот Шкотланѓанец“, тој се натпреварувал во Формула 1 помеѓу 1965 и 1973 година, освојувајќи три Светски првенства за возачи и двапати завршувајќи како второпласиран во текот на тие девет сезони. Многумина го сметаат за еден од најголемите возачи во историјата на спортот.[3][4][5]
Надвор од Формула 1, тој тесно ја пропуштил победата при неговиот прв обид на Индијанаполис 500 во 1966 година, а се натпреварувал во серијалот Кан-Ам во 1970 и 1971 година. Помеѓу 1997 и 1999 година, во партнерство со неговиот син, Пол, тој бил директор на тимот Стјуарт Франд При Рејсинг Формила 1 .
Стјуарт исто така се залагал за подобрувањето на безбедноста на моторните трки, организирајќи кампањи за подобри медицински установи и подобрувања на патеките за моторите.
По смртта на Џон Сертиз во 2017 година, тој е последниот преживеан светски шампион на Формула 1 од 1960-тите.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads