Сер

Град во Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia

Серmap
Remove ads

Сер (грч. Σέρρες, Серес; турски: Serez, Серез) — град во Егејска Македонија. Тој е главен град на периферија во Централна Македонија, денешна Грција. Претставува и административен центар на Серскиот округ и истоимената Општина Сер.

Кратки факти Сер Σέρρες, Земја ...
Remove ads

Географија

Градот се наоѓа во Серското Поле, на 24 км источно од реката Струма во падините на планината Шарлија ( Βρόντος) и 69 км североисточно од Солун.

Историја

Градот е основан од пајонското племе Сиропајони. Римјаните го спомнуваат како Serrae или Serrhae. Подоцна се истакнал како поважен град на Византија, штитејќи ја северната граница и патот низ Рупелската клисура кон Бугарија. За кратко време бил освоен од Бугарите во X век. Во XIV век го освоиле Србите и се спомнува како главен град на царот Стефан Душан. Во 1383 година е заземен од Турците и во нивни раце останува сè до 1912 година. Тогаш по Првата балканска војна и припаѓа на Бугарија, но на следната 1913 година влегува во границите на Грција. За време на Првата и Втората светска војна повторно е окупиран од Бугарија.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads