Џиџилер

населба во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Џиџилер
Remove ads

Џиџилер или Џинџилер (грчки: Πετρανά, Петрана), до 1927 година (грчки: Τζιτζιλέρ, Цицилер) [2]) – село во Република Грција, во општината Кожани, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 682 жители.

Кратки факти Џиџилер или Џинџилер Πετρανά, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа на околу 6 км југоисточно од Кожани.

Историја

За време на Османлиското Царство

Кон крајот на XIX век Џиџилер е турско село во Кожанската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година, во Џиџилер (Ντζιτζιλέρ) живееле 375 Турци.[3]

Во Грција

За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Џиџилер станува дел на Кралството Грција.

Во 1913 година селото Џиџилер има 405 жители.[4] Во 1920-тите години населението се иселува во Турција, а на негово место се населиле бегалци од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 83 семејства и 315 жители бегалци.[5]

Во 1927 година името на селото е променето во Петрана.

Remove ads

Демографија

Пописи

Движењето на населението по години е следното[6]:

  • 1913 – 405 жители
  • 1920 – 449 жители
  • 1928 – 346 жители

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Населението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство, посебно со краварство.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads