Село
мала човечка населба помала од паланка, со население од неколку стотини жители From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Селата се помали населби кои се разликуваат од градовите по нивната физиономија, функција, демографска структура на населението и нивното значење. Селото може да биде споено или надворешно и има население (денес 100 и повеќе жители). Околното подрачје што му припаѓа на самото село се нарекува атар.[1]
- Ова е статија за тип на населено место. За средината (рурала), видете: Село (средина)



Remove ads
Селски населби во Македонија
Селските населби во Македонија се такви населени места во кои најголем дел од населението се занимава со земјоделство. Во Македонија има вкупно 1,645 села.
Според настанувањето и развојот, селата се формирани пред градовите. Во еволуцијата на нашите села, главно, се одделуваат четири фази:
- Претцрковна фаза, кога не постоеле села во вистинската смисла на зборот, туку тоа биле одделни куќи, расфрлани по имотите;
- Црковна фаза, кога започнува групирањето на куќите во села, при што центар биле црквите;
- Феудална фаза, кога селата се граделе на крупните поседи на феудалците, како на пример чифлигарските села;
- Катастарска фаза, кога селата ја добиле денешната физиономија, со свое име, атар и територија на протегање, односно катастар со кој биле одредени сите одлики на селото.
Во Македонија, селата можат да се поделат на мали, средни и големи.
- Мали села се оние во кои живеат од 1 до 300 жители. Во Македонија има вкупно 961 вакво село, односно 58,4% од сите села.
- Средни села се оние во кои живеат од 301 до 800 жители. Во Македонија има 337, т.е. 20,5% од сите села.
- Големи села се оние кои имаат повеќе од 801 жител. Во Македонија има 347 вакви села (21.1% од сите).
Според микроположбата, во Македонија има рамничарски, ридски и планински села.
Remove ads
Селото како тема во уметноста и во популарната култура
Селото како тема во книжевноста
Селото како тема во народната книжевност
- „Си поминав низ село“ - македонска народна песна.[2]
- „Селаните сакале да ги продадат коњите па ги продале жените“ – полска народна приказна.[3]
- „За еден селанец кој имал злобна жена“ – полска народна приказна.[4]
- „Селанецот и оџата“ - македонска народна приказна.[5]
- „Селанецот што го надитрил аптекарот“ - македонска народна приказна.[6]
- „Селанецот, волкот и јагнето“ - македонска народна приказна.[7]
Селото како тема во книжевноста
- „Село“ - песна на рускиот поет Генадиј Ајги од 1986 година.[8]
- „Последните селани“ — роман на македонскиот писател Петре М. Андреевски.[9]
- „Селска хроника“ - песна на Никола Јонков Вапцаров.[10]
- „Селото Степанчиково“ (руски: Село Степанчиково и его обитатели) - роман на рускиот писател Фјодор Достоевски од 1859 година.[11]
- „По селото“ - песна на рускиот поет Михаил Исаковски.[12]
- „Село зад седумте јасени“ - роман на македонскиот писател Славко Јаневски од 1952 година.
- „Селани“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.[13]
- „Селска сиромаштија“ — песна на Јован Котески.[14]
- „Мртво село“ — песна на Јован Котески.[15]
- „На село“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[16]
- „Сабота в село“ (италијански: Il sabato del villaggio) - песна на италијанскиот поет Џакомо Леопарди од 1829 година.[17]
- „Село“ (Pueblo) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[18]
- „Приказни од моето село“ — книга на македонскиот писател Ванчо Николески.[19]
- „Гостин од село“ - расказ на македонската писателка Оливера Николова.[20]
- „Непроштено“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[21]
- „Адам и Далјана“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[22]
- „Вртолум“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[23]
- „Адамово и Давидово“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[24]
- „Село“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин.[25]
- „Селска мака“ - песна на македонскиот поет Кочо Рацин.[26]
- „Жителите на едно село“ — краток расказ на македонскиот писател Сотир Ристо.[27]
- „Кучешкото село“ — расказ на италијанскиот писател Џани Родари.[28]
Селото како тема во музиката
- „Село“ (англиски: The Village) — песна на британската поп-рок група „Њу Ордер“ (New Order) од 1983 година.[29]
- „Селски живот“ (англиски: Country Life) — албум на британската рок-група „Рокси Мјузик“ (Roxy Music)“ од 1974 година.[30]
- „Во наше село“ — песна на македонската етно група „Синтезис“.[31]
- „Селанец во големи гомна“ (англиски: Peasant In The Big Shitty) — песна на британската рок-група „Стренглерс“ (The Stranglers) од 1977 година.[32]
- „Селска песна“ (англиски: Country Song) — песна на британската поп-рок група „Хепи мандис“ (Happy Mondays) од 1988 година.[33]
Remove ads
Галерија
- Селото Кипел во Вале, Швајцарија
- Зафрлено село во Бенин
Поврзано
- Заселок
- Населено место
- Село (средина)
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads