Џои Дидулица
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Џозеф Ентони Дидулица роден е на 14 октомври 1977 година, поранешен фудбалер кој играл како голман. Роден e во Австралија, играл за репрезентацијата на Хрватска. На 11 октомври 2011 година, тој ја завршил својата кариера по тековните повреди на вратот и главата.[1]
Клупска кариера
Дидулица е роден во Гилонг, Викторија, Австралија од татко Хрват, Лука и мајка хрватско-австралијка, Мери. Тој исто така има постар брат, Џон и сестра, Триш. Неговиот татко емигрирал во Австралија од Поличник, село во северна Далмација, околу 10 километри од Задар.
Дидулица почнал да игра фудбал во Норт Гилонг Вориорс. Во 1996 година, се преселил во Мелбурн Најтс, клуб чиј тим првенствено го сочинуваат австралиски Хрвати, и играл за нив до 1999 година. Потоа преминал во ФК Ајакс, каде поминал четири години, освојувајќи ја лигата (Ередивизие) и Купот на Холандија во 2003 година. Дидулица, откако одлично се претставил во Лигата на шампионите на УЕФА, потпишал тригодишен договор со Австрија Виена во 2003 година. Во Австрија, Дидулица ја освоил титулата во Бундеслигата, два Купа на Австрија и еден Суперкуп, додека три сезони ќе мине како редовен на голот на Австрија Виена.
Дидулица се вратил во Холандија да игра за АЗ откако бил привлечен од големиот Луис Ван Гал како тренер. Тој забележал седум настапи во Ередивиси со клубот, пред да биде принуден на подолга пауза по потрес на мозокот што го добил на лигашкиот натпревар против ПСВ Ајндховен во октомври 2006 година откако бил погоден со топката во главата од ударот на австралискиот интернационалец на ПСВ, Џејсон Чулина.[2] За време на неговиот престој во АЗ, иако му било тешко со неговите постојани повреди на главата, Дидулица освоил уште една титула во Холандија (Ередивиси) и холандски Суперкуп.
На 24 април 2006 година, австрискиот суд го осудил Дидулица на парична казна од 60.000 евра поради физичка повреда како резултат на невнимание, го удрил Аксел Лавер од Рапид Виена на дербито во Виена во мај 2005 година.
Во јуни 2007 година, Дидулица успешно ја обжалил одлуката на понискиот суд до Високиот суд во Виена. Првобитните обвиненија против Дидулица биле поништени и тој бил ослободен од се, одлуката на судот била дека Дидулица играл со топката, не постапил неразумно и немал намера да му нанесе повреда на противникот.
На 11 октомври 2011 година, Дидулица објавил дека се повлекува од фудбалот поради неговите постојани повреди на вратот и главата.[3]
Remove ads
Меѓународна кариера
Во 2000 година, Дидулица бил избран во австралискиот тим за Олимпијадата во Сиднеј, но морал да се повлече поради повреда. Во 2004 година, одлучил да игра за земјата на неговите родители, бидејќи Австралија не се квалификувала за Светско првенство околу 30 години и видел повеќе можности за успех со Хрватска, која се квалификувала за двете Светски првенства на кои учествувал во тоа време.
Дидулица го направил своето деби за репрезентацијата на Хрватска на пријателскиот натпревар против Македонија на 28 април 2004 година во Скопје и потоа бил избран да биде дел од хрватскиот тим на финалето на Евро 2004 година, каде што служел како втор голман без да настапи. Бил член на хрватскиот тим и во квалификациите и во финалето на Светското првенство 2006 година, но не одиграл ниту една минута за време на натпреварите бидејќи Томислав Бутина одиграл осум од десет квалификации и бил заменет во преостанатите два квалификации со Стипе Плетикоса, кој исто така играл секоја минута во сите три натпревари во финалето. За повеќе од две години како дел од репрезентацијата на Хрватска, Дидулица забележал само четири настапи на пријателски натпревари и тоа против Македонија, Кореја, Хонгконг и Австрија.[4] Само еден месец по завршувањето на Светското првенство во 2006 година, Дидулица го најавил своето повлекување од меѓународниот фудбал со образложение дека сака повеќе да се концентрирал на клупската кариера.
Remove ads
Почести
Клубски почести
Ајакс
- Ередивиси : 2001–02
- Куп на КНВБ : 2001–02
Австрија Виена
- Австриска Бундес лига : 2005–06
- Куп на Австрија : 2004–05, 2005–06
- Ередивиси: 2008–09
- Јохан Кројф Шилд : 2009 година
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads