Џон Хол

From Wikipedia, the free encyclopedia

Џон Хол
Remove ads

Џон Хол (21 август 1934 ) — американски физичар, и добитник на Нобеловата награда за физика. Тој земал една четвртина од Нобеловата награда за физика заедно со Теодор Хенш и Рој Глаубер за нивната работа во прецизната спектроскопија.

Кратки факти Џон Хол, Роден(а) ...
Remove ads

Животопис

Роден во Денвер, Колорадо,Хол поседува три дипломи од Карнегиевиот институт за технологија, и [дипломирал во 1956 година, а магистрирал во 1958 година, докторатот го зел во 1961 година. Тос своите подокторски студии ги завршил при министерството за трговија во Националното биро за стандарди, денес Националениот институт за стандарди и технологија (NIST), каде останал од 1962 година па сè до неговото пензионирање ви 2004 година. Тој држел предавања на Колорадскиот унверзитет од 1967 година.

Хол моментално е постар член на (NIST), професор во пензија и член на JILA, порано познат како Содружен институт за лабораториска астрофизика, и предавач на оддеот за физика при Колорадскиот универзитет. (JILA) — истражен институт управуван заедно од Колорадскиот универзитет и (NIST).

Хол поделил половина од својата Нобелова награда Теодор Хенш за нивната пионерска работа заснована на ласерската прецизна спектроскопија, како и на оптичкиот честотен чешел. Другата половина од наградата ја добил Рој Глаубер.

Хол има добиено многу почести за неговата пионерска работа, вклучувајќи ја тука и наградата на Оптичкото друштво на Америка Макс Борн „за пионерски придонеси при стабилни ласери, вклучувајќи ги тука и основите на физиката и од неодамна за стабилизацијата на фемтосекундните ласери, со што е постигнат драматичен напредок во оптичкочестотната методологија.“

Remove ads

Награди и почести

Thumb
Претседателот Џорџ Буш на средбата со добитниците на Нобеловата награда во 2005 година. Од лево кон десно се Д-р. Џон Хол, Д-р. Томас Шелинг, добитник на Нобеловата награда за економија, Д-р. Рој Глаубер, Д-р. Ричард Шрок и Д-р Роберт Грабс, добитници на Нобеловата награда за хемија.
  • Член на Националната јаглеродна компанија, 1957–1961
  • Златен медал од министерството за трговија, 1969
  • Стратонова награда , 1971
  • латен медал од министерството за трговија, 1974 (групни награди)
  • IR-100: Ласерски стабилизатор избран како еден од „100-те најдобри прозиводи во годината,“ 1975
  • IR-100: Ласерски брановодолжински метар („Ламбдаметар“) избран како еден од „100-те најдобри прозиводи во годината,“ 1977

Кондонова награда, 1979

  • Таунсова награда од Оптичкото друштво на Америка, 1984, Заедно со Чеботајев (Советска академија на науките)
  • Девисон-Гермерова награда на Американското друштво на физичари, 1988
  • Почесен професор на Парискиот северен универзитет, 1989
  • Ајвесов медал на Оптичкото друштво на Америка, 1991
  • Ајнштајнова награда за ласерска наука, 1992
  • Шалова награда на Американското друштво на физичари, 1993
  • Астинова награда за мерни науки, 2000
  • Макс Борнова награда од Оптичкото друштво на Америка, 2002[1]
  • Претседателска награда од Канцеларијата за управување на персоналот, 2002
  • Златен медал од министерството за трговија, 2002 (group awards)
  • Рабиева награда, 2004[2]
  • Нобелова награда за физика, 2005
  • Почесен професор на Глазговскиот универзитет, 2007
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads