Џуанци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Џуанците или Жуанзи (џуаншки: Bouчcueŋь/Bouxcuengh, кинески: 壮族 пинјин: Zhuàngzú) се етничка малцинска група која живее во НР Кина, односно околу 87% од вкупниот број на Џуанците. Џуанците зборуваат на џуаншки јазик, службениот јазик на Автономниот регион Гуангсји.
Remove ads
Дефиниција
Џуаншкиот народ грубо може да се подели на две подгрупи: источни и западни Џуанци. Во поширока смисла, со поимот „џуаншки народ“ се означува секое население што зборува на еден од џуаншките јазици. Името „Џуанци“ за првпат се појавило во 10 век во записите на Кинезите. Точното потекло на џуаншките јазици не е познато.
Распространетост
Денес, Џуанците живеат во Кина, Виетнам, Лаос, Мјанмар, Тајланд и неколку останати азиски земји. Називот на населението и на племињата се различни во зависност од земјите. Кинескиот попис од 2000 година покажал дека во НР Кина живеат 16.18 милиони Џуанци. Кинескиот попис од 2010 година покажал дека во НР Кина живеат 18,5 милиони Џуанци и е најголема етничка малцинска група во НР Кина, и се претежно сконцентрирани во Автономниот регион Гуангсји. Иако поголем процент на населението се Кинези, во регионот има два службени јазици: кинески јазик и џуаншки јазик. Населението на Автономниот регион Гуангсји се состои од 32.3 % Џуанци, поточно 14,2 милиони луѓе (според пописот од 2000 г).[1] Во покраините Јинан и Гуангдунг, Џуанците се народ со околу 2.300.000 луѓе(според пописот од 2010 г.)[2]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads